Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служба.
Гаши потенцирал дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и парламентот (Шура) на Кралството Саудиска Арабија.
Тој истакнал дека во Собранието во неколку последователни мандати се формира Пратеничка група за соработка со парламентите од земјите на Блискиот Исток и Арапскиот Залив.
Амбасадорот Фаисал Гази Исмаил Хифзи, пак, истакнал, дека во иднина очекува акцентот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија да биде ставен на зајакнување на економската соработка со потпишување на повеќе билатерални договори во областа на инвестициите, слободната трговија и цивилната воздушна пловидба.
Двајцата соговорници искажале големо задоволство од средбата и истакнаа дека пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат доколку се олесни визната политика меѓу двете држави.





