Француската полиција ослободи жена осомничена за учество во грабежот на Лувр. Таа ќе биде под судски надзор, соопшти денеска Канцеларијата на парискиот обвинител.
Жената е едно од четирите лица кои се испитуваат за грабежот, во кој беше украден накит во вредност од 88 милиони евра од „Галеријата на Аполон“ во Лувр.
На жената нема да ѝ биде дозволено да контактира со другите осомничени или да ја напушти Франција.
Грабежот во Лувр се случи минатиот месец, кратко по отворањето на музејот. Полицијата уапси тројца мажи и една жена, пријателка на еден од осомничените.
Досега не е пронајдена никаква трага од украдениот накит.




