ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

November 26, 2025 12:55
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: Грчки олимписки комитет

Фото: Грчки олимписки комитет

Share on FacebookShare on Twitter

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри, денеска го започна патувањето кон Милано и Кортина од античка Олимпија, каде што се одржа и свечена церемонија, но во просториите на Археолошкиот музеј и без публика, поради лошите временски услови, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган беше запален во понеделникот, традиционално, од зраците на сонцето во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани првите антички олимписки игри и истиот се искористи денеска, со оглед на тоа што времето не дозволи денешната церемонија да се одржи на отворено.

Палењето на оганот за време на пробата во понеделникот беше целосно затворена за јавноста, но снимена и прикажана на денешната церемонија, а потоа продолжи во малата просторија на Археолошкиот музеј.

Следеше традиционалниот ритуал со специјална кореографија, како и молитва и благодарност до богот на сонцето Аполон и молитва до богот Зевс „за мир во целиот свет“.

Првиот факел го презеде освојувачот на бронзен медал во веслање на Олимписките игри во Париз, Гркот Петрос Гајдаѕис, кој заедно со италијанската олимписка шампионка Стефанија Белмондо го предадоа на следниот носач на факел, со што олимпискиот оган го започна деветдневното штафетното патување низ цела Грција.

На манифестацијата во Археолошкиот музеј во Античка Олимпија во присуство на грчкиот претседател Константинос Тасулас, министрите за спорт на Грција и Италија, почесниот претседател на МОК, Томас Бах и други официјални лица, се обратија претседателката на  Меѓународниот олимписки комитет Кирсти Ковентри, претседателот на Грчкиот олимписки комитет Исидорос Кувелос, претседателот на Организацискиот комитет на Милано Кортина Џовани Малаго како и градоначалникот на античка Олимпија Аристидис Панајотопулос.

Во пресрет на денешната церемонија се одржа и симболична манифестација, официјалното потпишување на Олимпиското примирје, како што е пракса пред палењето на огнот на Олимписките Игри.

Декларацијата ја потпишаа градоначалниците на античка Олимпија, Илида и Спарта, Меѓународниот центар за олимписко примирје, претседателката на МОК, претседателот на Грчкиот олимписки комитет и други претставници на олимпиското и спортското движење.

Станува збор за современо оживување на античката традиција од пред речиси три илјади години, кога тројцата антички владетели Ифитос, Клеостенис и Ликургус се согласиле на „Договорот за примирје“, обезбедувајќи дека за време на Олимписките игри мирот ќе владее во грчкиот свет.

Олимпискиот оган до следниот четврток ќе патува низ цела Грција, ќе помине 2.200 километри, 23 префектури и седум региони, со 36 церемонии и вклучени 450 лица што ќе го пренесуваат факелот, придружени од 15 возила и 40 претставници на Грчкиот олимписки комитет.

Штафетата на 4 декември ќе пристигне во Атина, каде што на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик, олимпискиот оган ќе биде предаден на Организацискиот одбор на ЗОИ „Милано Кортина 2026“,

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година.

Tags: ЗОИОлимпијаолимписки офан
Next Post
Фото: Рацин

Осум месеци Прилеп без театар - институциите молчат

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk