ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министерот Филков нервозен: Со навреди кон пратениците и без одговор за екстрадицијата, го прогласи бегалецот Груевски за „политички азилант“

November 28, 2025 14:01
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фото: Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Настапот на министерот за правда Игор Филков на вчерашната сесија со пратенички прашања, кое слободно може да се оцени како скандалозно, уште еднаш демонстрираше дека министерот има недостаток од основна парламентарна култура, додека губејќи ја самоконтролата, наместо одговор, тој им понуди на пратениците и на јавноста (од чии пари всушност зема плата) нова рунда недолично однесување, својтвено за претставниците на власта во парламентот.

Филков, одговарајќи на прашањето на пратеникот на СДСМ, Миле Талески, ги нарече пратениците „шарлатани“ и ги обвини дека „се занимаваат со циркус наместо со работа“. Речник недостоен за институцијата што ја претставува – а уште помалку за функцијата која е задолжена за основниот столб на државата: правдата.

На поставеното прашање од Талевски: Дали Министерството за правда има поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски?, Филков видно растревожен, не само што избегна да даде директен одговор, туку го прогласи Груевски – бегалецот од правдата по кого е распишана меѓународна потерница – за „политички азилант“. На тој начин, си најде алиби зошто не е обновено годишното барање за екстрадиција, кое според меѓународните стандарди е обврска на секоја држава што бара правда за осудено или обвинето лице.

„Секогаш кога ќе бидат создадени услови, министерството ќе си ги бара своите граѓани“, изјави Филков, додавајќи дека министерството ги бара „сите бегалци“, но дека Груевски „спаѓа во групата политички азиланти“.

Со ова министерот индиректно потврди дека барањето за екстрадиција – не е обновено.

Филков всушност само го повтори ставот што веќе го има кажано во интервју за неделникот „Фокус“ од 23 август 2025 година:

„Барање за екстрадиција немаме поднесено затоа што би било беспредметно. Унгарија му даде азил и нивниот закон не дозволува предавање.“

Она што упорно го избегнува министерот е суштината, дека Северна Македонија е должна да постапува согласно сопствените закони и сопствените пресуди, а не да се крие зад политичките одлуки на друга држава.

За македонскиот правен систем, Никола Груевски останува бегалец од правдата. И тоа не е променето.

Обраќајќи му се на Талевски, Филков се обиде да  поентира велејќи дека сегашното „министерство за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби и Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега“, но се чини дека притоа заборави дека Артан Груби избега од земјава кога министер за правда беше токму Филков. Иако и по него е  распишана меѓународна потерница, истиот сé уште не е екстрадиран во земјава, а се чини дека министерството со кое раководи Филков досега го нема точно лоцирано местото каде што престојува поранешниот вицепремиер.

Пратеникот Миле Талески образложи дека прашањето го поставил затоа што во јавноста – но и во политичките кругови – се интензивираат информации дека структурите во Владата и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за враќање на Груевски во Македонија и негова амнестија.

„До мене стигнаа информации од свиркачи блиски до актуелната влада, кои алармираат дека постои план, сценарио за создавање клима во која бегалецот од правдата би се вратил во земјата“, предупреди Талески.

Тој додаде дека таквите информации не смеат да се игнорираат, особено ако постои политичка волја да се релативизираат судските постапки и да се амортизираат одговорностите.

„Моја должност пред граѓаните е јавно да добијам директен и точен одговор: дали Министерството за правда поднело ново барање за екстрадиција на Никола Груевски?“, нагласи Талески.

Но наместо отчетност, транспарентност и почит кон парламентот – министерот возврати со навреди, политички квалификации и повторување на веќе слушнати изговори.

Можеби до некаде ваквото однесување и прикажаната нервоза на министерот Филков имаат оправдување, земајќи ги предвид информациите кои се појавија во јавноста дека премиерот подготвува реконструкција на Владата, а токму министерот Филков е еден од неколкумината кој наскоро ќе останат без министерска фотелја.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Генерирано со ВИ

Мерц: Сè поитна е потребата од користење на замрзнатите руски средства за поддршката на Украина

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk