ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Швајцарците гласаат за воведување граѓанска служба за сите млади и за данок на наследство на ултрабогатите

November 30, 2025 09:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Швајцарските гласачи денеска треба да одлучат дали да се воведе задолжителна граѓанска служба за сите млади луѓе и дали да се воведе нов данок на наследство за ултрабогатите – два предлози што предизвикаа дебата во пресрет на гласањето, јави ДПА.

Анкетите пред изјаснувањето покажуваат дека двата предлога ќе бидат отфрлени.

Со првата иницијатива се предлага задолжителна служба за сите, или во војската или во службите за помош при катастрофи, но и во областите како што се образованието, здравството или социјалната работа.

Во моментов, само мажите подлежат на задолжителна воена служба, иако наместо тоа можат да се одлучат за цивилна служба. Жените моментално можат да волонтираат за воена служба.

Владата се спротивставува на овој предлог, тврдејќи дека тоа би оставило премногу луѓе надвор од пазарот на трудот и дека би било скапо за финансирање, пренесува ДПА.

Вториот предлог има за цел да воведе данок на наследство од 50 отсто на средства во вредност од 50 милиони швајцарски франци (62 милиони долари) или повеќе.

Според иницијаторите, приходите треба да се користат за финансирање на „социјално праведни мерки за борба против климатската криза и потребното реструктуирање на економијата како целина“. Противниците стравуваат дека богатите би можеле да се преселат во странство.

Најновото истражување на јавниот радиодифузен сервис SRF покажа дека 68 отсто од испитаниците се против данокот на наследство, додека 64 отсто се против задолжителна граѓанска служба, пренесува ДПА.

Next Post

Вандализам на повеќе локации во Македонска Каменица, градоначалничката бара од надлежните да ги пронајдат сторителите

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk