ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Струмица и уште пет лица за набавката на електрични автобуси

December 4, 2025 12:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против поранешниот градоначалник на Струмица К.К. (35) и уште пет лица, поради сомнение за злоупотреби во постапката за јавна набавка на електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Како што информираат од МВР, против К.К. е поднесена пријава поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка. Против Д.П.С. (61), К.Б. (37), Л.Ј. (63) и Л.Ѓ. (62) е поднесена пријава за несовесно работење во службата, додека против Г.П. (58) од Скопје за помагање при извршување на кривични дела злоупотреба на јавна набавка и несовесно работење во службата.

Според наводите, К.К. како поранешен градоначалник ги повредил правилата за јавна набавка на електрични автобуси со ангажирање на Г.П. како лице одговорно за технички прашања, техничка евалуација на понудите, надзор и имплементација на договорот, иако тој немал соодветни стручни квалификации и лиценца А за надзор од областа на електротехниката. Воедно, се посочува дека тендерската документација содржела спецификации што речиси идентично одговарале на спецификациите на конкретно набавените автобуси.

Директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Д.П.С., според пријавата, постапил несовесно и пропуштил да изврши должен надзор над целокупната постапка, при што на 12 март 2024 година потпишал договор за јавна набавка на 10 електрични автобуси преку финансиски лизинг, иако во постапката учествувало лице без потребните квалификации и лиценца за надзор.

Претседателката на комисијата за јавни набавки К.Б., заедно со членовите Л.Ј. и Л.Ѓ., како што наведуваат од МВР, го определиле Г.П. за одговорно лице за следење на реализацијата на договорот, иако тој поседувал само лиценца Б и не бил овластен за учество во техничка евалуација, одговарање на технички прашања и надзор над имплементацијата.

Со наведените дејствија биле набавени 10 електрични автобуси во вредност од 429.933.595 денари, при што, според полицијата, е причинета материјална штета од поголеми размери. Воедно, поради отсуство на стручно лице со лиценца А за надзор, доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените автобуси.

Next Post
Пожар Кочани дискотека. Фото: Скриншот

Обвинетите инспектори во „Пулс“ тврдат дека не можеле да реагираат

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk