ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Илија Димовски го брани Прилеп од Армијата?

April 13, 2020 18:21
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Се јави на Твитер Илија Димовски, драги мои, го брани народот од Армијата, ја штити Илија демократијата и се повикува на Уставот.

И тоа се загржил за слободата на моите прилепчани, за мојот Прилеп се грижи. Знаете, она откако стави ред од позицјата која ја имаше дури беше на власт режимот на Груевски од кој тој бше една од најсилните карики и истурен во првите редови.

Само да се потсетиме, Илија Димовски тогаш беше директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Да, се сеќаваме каков ред и дисциплина ни направи Илчо во медиумскиот простор.

Немаше „трте-мрте“ со Илија, ни мрдање „лево-десно“. Добро, имаше „трте во десно“ мрдање, ама не смееше да има отстапување од тоа. Илија трте, Латас, Ивонче анд компанија мрте. Онака, армиски дисциплинирано го тераше Илчетоа  и под команда одеше:

На ДЕСНО порамнај се!

КУРТОН медиуми, строј!

Такви беа наредбите што Илче наш тогаш ги пласираше, а сите сме сведоци дека добро му одеше тоа. Алал дисциплина Илија, војничка.

Е, сеа тој партиско-медиумски генерал-мајор задње класе, вели се газел Уставот, дека се ангажирала Армијата да спроведува ред пред маркетите и пред банките во Прилеп. Онаа силна армија од цели 15 војници ангажирана во Прилеп за да помогне да држат граѓаните дистанца пред банки и маркети  била закана за Уставот и државата?!

Па вели умен тој, загрижен човек за нашите демократски права и слободи:

АРМ може да превземе чување на граница, стратешки објекти, државни згради,
но да воведува ред пред маркети и банки е надвор од здравиот разум.

Нема да коментирам повеќе,
но Уставот можете да го заборавите и така пола повеќе не го сакаат, а другата половина не го почитуваат.

— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) April 13, 2020

Ќе му шепне ли некој на Илија дека има пандемија од вирус во светот од која се заразени  околу 1.9 милиони луѓе, а околу 120.000 се починати, вирус за кој нема вакцина, а се пренесува толку лесно како ништо друго претходно. Ќе му шепне ли некој на Илија дека имаме вонредна состојба воведено во државата и дека тоа за жал значи ускратување на движења и други слободи со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Ех мој Илија Димовски, немој молим те да се прашуваш зошто за спречување на една вака „безопасна“ пандемија се ангажираат 15 војници да им помагнат на општините во спроведување на ред за заштитата од корона вирусот. А, најмногу од сѐ боли тоа што Илија повикува бранење на устовно и загарантираните права на граѓаните. Дај Илија те молам.

За Илија Димовски помошта од армијата за општините била надвор од здравиот разум. Повеќето граѓани со право ќе забележат, дали тоа Илија Димовски заговара послаба заштита од коронавирусот во општините?

Но, мислам дека ова е веќе длабоко филозовска констатација, која бара посебна ментална опсервација.

Дали тоа што е здрав разум за Илија е здраворазумно и за тебе и за мене?

 

Next Post

Наместо 14, за повратниците од странство 21 ден карантин

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk