ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ „Разотокривање“: ВМРО води координирана кампања за дестабилизација на партијата одвнатре

December 26, 2025 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Скопје – СДСМ денеска обвини дека против партијата се води „координирана кампања за внатрешна дестабилизација“, за која тврдат дека е организирана од ВМРО-ДПМНЕ, а координирана од „центарот на СНС“.

„Како што веќе најавивме, се води кампања за обид за дестабилизација на СДСМ одвнатре, од страна на ВМРО, а координирана од центарот на СНС“, соопштуваат од СДСМ.

Според партијата, причината за оваа кампања се, како што наведуваат, „компромитирачки податоци за криминал и корупција“ кои ги изнела АКТ, а кои, според нив, ги поврзуваат СНС и ВМРО.

„Овој октопод е инструиран од СНС и во целост управува со коалицијата ВМРО/ЗНАМ“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ тврдат дека по објавите поврзани со Алта банка започнала организирана акција за рушење на кредибилитетот на партијата, која, како што велат, не дала резултат, по што следувала втора фаза – напади одвнатре.

„Бидејќи не успеаја да го урнат кредибилитетот на СДСМ, затоа што податоците и вистината победуваат, преминаа во втора фаза – напад врз СДСМ одвнатре“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се посочува дека јавноста можела да ги забележи настапите на поранешни функционери, како и активности на лица кои, според СДСМ, повеќе не се дел од партијата, а некои од нив се приклучиле на ЗНАМ.

Партијата информира и дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со медиумите зборувал за овие настани и, како што тврдат, навел и информации за „планирано финансирање на поединци кои функционираат во рамки на мала група внатре во партијата“.

СДСМ како „посебен пример“ наведува случај во кој, според нив, член на партијата продолжил со кампања во „значаен и релевантен медиум“, по што, како што тврдат, за неполни две минути бил објавен „унапред подготвен текст на истата тема“ на друг портал.

„Или овој наш член ги испратил одговорите и кај Геро, или во координација со него се пишувани неговите одговори“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека со тоа бил нарушен и угледот на медиумот во кој првично бил објавен текстот.

Според партијата, брзината со која биле објавени текстовите е доказ за координација.

„Невозможно е да се напише толку обемен текст за толку кратко време, а уште помалку да се уреди и објави на портал. Сами се разоткрија – со сопствена грешка во чекорите“, стои во соопштението.

Од СДСМ порачуваат дека, како и во претходни случаи, „вистината ќе излезе на виделина“.

„Во паника се брза, а тоа носи грешки. Ни овој пат не ви помина. Граѓаните веќе сè знаат“, наведуваат од партијата, додавајќи дека, како што велат, „вистината и правдата ќе победат“.

Tags: дестабилизацијакампањаСДСМ
Next Post

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk