ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зошто Вашингтон ја избра Делси Родригез наместо Марија Мачадо?

January 8, 2026 13:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По драматичните настани во Каракас минатиот викенд, прашањата не престануваат да се редат. Но, како што наведува анализа на Би-Би-Си, едно прашање особено се истакнува: зошто токму Делси Родригез – поранешна потпретседателка и истакната фигура на режимот на Николас Мадуро – сега е назначена да ја води привремената влада во Венецуела, како што тоа го нарекуваат американските власти?

Според Би-Би-Си, изборот на Родригез не е случаен и не следи демократски логики, туку е производ на калкулиран политички реализам на администрацијата на Доналд Трамп.

Стабилноста пред демократијата

Поранешниот американски амбасадор во Венецуела, Чарлс Шапиро, за Би-Би-Си оценува дека Вашингтон се определил за стабилност, а не за демократска транзиција.
„Го задржаа диктаторскиот систем, но без диктаторот. Луѓето кои го одржуваа режимот сè уште се таму“, вели тој.

Поддршката за Делси Родригез значи задржување на структурата на власта, без ризиците што би ги носела целосна промена на режимот и преземање на власта од страна на опозицијата предводена од Марија Корина Мачадо, која, според широко распространетото верување, победила на изборите во 2024 година.

Зошто не Мачадо?

Трамп ја оцени Мачадо како „непочитувана“ во Венецуела, додека Родригез ја опиша како „грациозна“. Според анализата на Би-Би-Си, овој потег го отежнува политичкиот пат за опозицијата и го задржува статус-квото.

Кевин Витакер, поранешен заменик-шеф на американската мисија во Каракас, истакнува дека со дисквалификацијата на Мачадо, практично се дисквалификува целото нејзино политичко движење, кое имало масовна поддршка од гласачите.

Теории на заговор и реалната моќ

Брзото отстранување на Мадуро и поставувањето на Родригез предизвика шпекулации дека таа можеби била дел од планот. Но, ваквите теории тешко издржуваат сериозна проверка.

Реалната моќ и натаму е концентрирана кај министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез и министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо – фигури лојални на Мадуро и контролори на безбедносниот апарат.

Предупредувањата што Вашингтон ги послуша

Одлуката да се избегне радикална промена на режимот следува по серија предупредувања од аналитички центри и разузнавачки извори.

Меѓународната кризна група уште во октомври предупреди дека „Вашингтон треба да се пази од промена на режимот“, потенцирајќи дека во пост-Мадуро сценарио може да дојде до насилен хаос, па дури и герилска војна од страна на делови од безбедносните сили.

Доверливите проценки на САД, наведува Би-Би-Си, покажуваат дека токму членови на постојниот режим, вклучувајќи ја и Родригез, се во подобра позиција да водат привремена власт.

Практичен партнер за САД

Според анализата на Би-Би-Си, Делси Родригез за Вашингтон претставува прагматичен соговорник – подготвена за економски отстапки, отворање на нафтениот сектор за американски компании, поголема соработка во борбата против наркотиците и можно дистанцирање од Куба, Кина и Русија, во замена за постепено укинување на санкциите.

Демократската транзиција, сепак, не изгледа како висок приоритет.

Транзиција без избори?

Иако уставот на Венецуела предвидува нови избори во рок од 30 дена во случај претседателот да биде трајно неспособен да ја врши функцијата, Трамп јасно порача дека избори засега нема да има.

„Прво мора да ја стабилизираме државата“, рече тој, што според Би-Би-Си дополнително ја засилува перцепцијата дека демократијата е одложена.

„Dedazo“ – личното назначување

На крајот, Би-Би-Си повлекува паралела со терминот „dedazo“, шпански жаргон што буквално значи „покажување со прст“, но во политички контекст претставува лично назначување на наследник кое го заобиколува демократскиот процес.

Чавес го направи тоа со Мадуро, а слично се гледа и денес со Делси Родригез – практично, Трамп и Вашингтон ја зацврстија нејзината позиција без вистинска демократска легитимност.

„Ова е Dedazo-то на Трамп“, оценува поранешниот амбасадор Шапиро.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

Ирак ќе го презема нафтеното поле „Западна Курна 2“ од руски „Лукоил“

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk