ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски од Гевгелија: Пуштена во употреба новата детска градинка „Сончогледи“

January 8, 2026 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, која, според најавите, ќе придонесе значително да се намали, а можеби и целосно да се елиминира листата на чекање за згрижување на деца во оваа општина, соопштуваат од Владата.

„Четврта градинка од почетокот на годината, а уште многу градинки кои се почнати кон крајот на 2024 и во текот на 2025 година, во периодот што следи ќе бидат привршени и ставени во функција“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека голем дел од проблемите што во минатото ја забавувале реализацијата на ваквите проекти се надминати, а динамиката на изградба е значително засилена.

„Многу од проблемите кои во минатото ги пратеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на реализација и изградба на објектите, но истовремено и примањето на нов, лиценциран кадар е интензивирано – нешто што во минатото беше закочено“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека грижата за децата и семејствата останува еден од клучните приоритети на Владата.

„Наш приоритет како Влада е просемејната политика, грижата за најмилите, за најмладите, и таа продолжува и понатаму, затоа што на младите им припаѓа иднината, а ние сме тие што треба да ја направиме таа иднина поперспективна“, изјави премиерот.

Според него, ваквите инвестиции директно им го олеснуваат секојдневното функционирање на младите семејства.

„На овој начин, на голем број брачни парови им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе“, додаде Мицкоски.

Премиерот посочи дека, според разговорите со локалното раководство, новата градинка ќе има конкретен ефект врз проблемот со недостиг на места.

„Со овој објект веќе нема да имаме листа на чекање овде во Гевгелија, или таа листа ќе биде многу мала“, рече тој.

Во завршницата, Мицкоски им честиташе на сите инволвирани во реализацијата на проектот.

„Му честитам на градоначалникот, на министерот и заменик-министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на пратеничката, советниците и администрацијата во Општина Гевгелија и посакувам уште многу вакви убави проекти со кои ќе додадеме квалитет во животите на гевгеличани“, изјави премиерот.

Next Post
Скриншот

Зошто Вучиќ сè уште не распишува предвремени избори?

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk