Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Давос оствари средба со сопственикот на унгарската компанија , која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, најавувајќи инвестиција од над 100 милиони евра во развој на телекомуникациската мрежа, соопштуваат од Владата.
„Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата ‘Фор-ај-џи (4iG)’, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потребни за добивање на лиценцата“, изјави Мицкоски.
Според премиерот, инвеститорот го информирал дека во наредниот период ќе вложи значителни средства во развојот на новиот оператор. „Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор“, рече Мицкоски, додавајќи дека конкуренцијата ќе донесе конкретна корист за граѓаните.
„Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, нагласи тој.
Мицкоски информираше дека престојот во продолжил со учество на панел-дискусија со светски лидери и претставници на мултинационални компании, на која биле отворени теми за глобалните предизвици во наредните децении, со посебен фокус на вештачката интелигенција.
„Вештачката интелигенција сама по себе не значи ништо, освен два обични збора. Но, кога ќе влезете во суштината, ќе сфатите дека за нејзино сериозно користење се потребни предуслови – пред сè енергетска стабилност и инженери кои ќе знаат да ја применуваат за потребите на општеството и граѓаните“, изјави премиерот.
Тој додаде дека Македонија не смее да остане на страна од овие процеси. „Тоа се процесите кои ќе имаат водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи на страна, туку ќе биде активен учесник“, рече Мицкоски, најавувајќи продолжување на билатералните средби и во наредните два дена од престојот во Давос.







