ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Како е споменат Трамп во новите списи за Епстин и во наводите на ФБИ – непроверени обвинувања за оргии, малолетнички и злоупотреби

February 1, 2026 07:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: Министерство за правда на САД

Фото: Министерство за правда на САД

Share on FacebookShare on Twitter

Американското Министерство за правда (DOJ) во петокот објави нова обемна серија документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, меѓу кои и листа на пријави и предлози за истрага во кои се спомнува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во еден од документите се наоѓа список на, како што наведува Министерството за правда, „непроверени и неутврдени наводи“ против Трамп. Документот накратко беше отстранет од официјалната веб-страница, но американски новинари успеале да направат и зачуваат снимки од екранот. Набргу потоа, документите повторно беа објавени и во моментот се достапни на страницата на Министерството.

Материјалите потекнуваат од интерна комуникација и табели на Федералното истражно биро (ФБИ), поточно од одделот за детска експлоатација и трговија со луѓе, од август 2025 година. Во нив се сумирани пријави примени преку Националниот центар за дојави (NTOC). Во табелите, покрај описот на секоја пријава, е наведена и реакцијата на ФБИ, како обид за контакт, процена на веродостојноста или препраќање на случајот до други канцеларии.

Во повеќе пријави, Трамп се доведува во врска со кругот околу Епстин и Гислејн Максвел, со тврдења за сексуално злоставување, забави со млади девојки и наводна трговија со луѓе. Во документите јасно се наведува дека дел од информациите се добиени посредно, а во многу случаи е запишано дека не постојат проверливи докази.

Наводите што го спомнуваат Трамп

Една од пријавите зборува за „неидентификувана пријателка“ која наводно пред околу 35 години во Њу Џерси била присилена на орален секс со Трамп, а истата личност, според пријавата, била злоставувана и од Епстин, пишува Index.hr.

Во друга пријава, подносителката тврди дека како 13-годишно девојче во 1984 година била присилена на сексуални дејствија со Трамп и дека тој бил присутен при наводното убиство на нејзиното новороденче. Во белешките на ФБИ е наведено дека не бил воспоставен контакт со наводната жртва или дека нема проверливи информации.

Еден документ опишува и настан од 1987 година, во кој пријателка на подносителката завршила во хотелот Trump Plaza, испила пијалак што ѝ го дал непознат маж и подоцна се разбудила гола и со болки. Таа тврдела дека „видела блесок од лицето на Трамп“. Во документот стои дека идентитетот на жртвата не е потврден и дека не се добиени дополнителни докази.

Забави, наводни „оргии“ и мрежи

Во повеќе пријави се спомнуваат забави на Епстин во Њујорк и Флорида, со тврдења за „големи оргии“ со млади девојки и постари мажи, при што името на Трамп се наведува меѓу присутните.

Една онлајн пријава опишува наводен ланец на сексуална трговија на голф-теренот на Трамп во Ранчо Палос Вердес во средината на 1990-тите години, со тврдења дека Трамп учествувал на забави и дека некои девојки „исчезнале“. Истата личност тврди и дека добила закани од шефот на обезбедувањето на Трамп.

Други пријави се однесуваат на забави во Мар-а-Лаго и содржат тврдења дека Трамп канел девојки на такви собири. Во една од најтешките обвинувања се опишува наводен формат на забави во стил „calendar girls“ во Мар-а-Лаго, со екстремни тврдења за злоставување малолетнички. Во белешките на ФБИ нема потврда за овие наводи.

Споменати и други јавни личности

Во исказите на подносителите повремено се појавуваат и имиња на други јавни личности, меѓу кои поранешниот американски претседател Бил Клинтон и милијардерот Илон Маск. Во документите изречно се наведува дека дел од тие тврдења се од втора рака.

ФБИ-материјалите не претставуваат обвиненија или судски утврдувања, туку збир на интерни резимеа на дојави, кои вклучуваат директни искази, посредни тврдења и непроверени обвинувања. Во делот што се однесува на Трамп, документите содржат серија тешки наводи, но истовремено покажуваат дека во најголем број случаи ФБИ заклучил дека нема доволно проверливи информации за понатамошно постапување или дека не бил воспоставен контакт со подносителите.

Реакцијата на Министерството за правда

Министерството за правда на САД веднаш реагираше на објавените обвинувања, наведувајќи дека јавноста добила сè што било доставено до FBI.

„Оваа објава може да содржи лажни или фалсификувани слики, документи или видеа, бидејќи согласно законот е објавено сè што јавноста му го доставила на ФБИ. Дел од документите содржат невистинити и сензационалистички тврдења против претседателот Трамп, доставени непосредно пред изборите во 2020 година. Да бидеме јасни, тие тврдења се неосновани и лажни. Доколку имаше и трошка веродостојност, тие сигурно ќе беа искористени против претседателот Трамп“, соопштија од Министерството во одговор за весникот The Guardian.

Поради делумно редигирани документи, не е можно со сигурност да се провери тврдењето на Министерството за правда во однос на времето кога биле поднесени пријавите. Станува збор за серија електронски пораки со снимки од екранот на друг документ, во кој се сумирани изјави на лица кои некој во ФБИ ги означил како „обвинители на Трамп“.

Електронските пораки биле испратени во август 2020 година, три месеци пред претседателските избори на кои Трамп загуби. Сепак, имињата на подносителите и податоците за тоа кога пријавите првично биле доставени до ФБИ не се објавени, па не може со сигурност да се утврди кога точно биле изнесени обвинувањата.

Претходни извештаи покажале дека најмалку една жртва на Епстин уште во 1996 година го пријавила до ФБИ тврдењето дека Епстин и Гислејн Максвел сексуално ја злоставувале нејзината 16-годишна сестра.

Ј. Ѓ.

Tags: ЕпстинмалолетничкиТрампФБИ
Next Post
Куќите на Бурано се во силни бои, додека Венеција е во пригушени тонови.

Зошто куќите на Бурано се во силни бои, а во Венеција – не?

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk