ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Синдикатот пред Стопанската комора: Газдите да се откажат од профитот за достоинствени плати

February 12, 2026 14:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.

Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на разбирање ќе организираат уште еден протест и генерален штрајк.

– Тука сме кај газдите, кај истите оние кои избркаа цели наши семејства во странство, кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и кои одбиваат да ги зголемат останатите плати. Владата веќе кажа дека се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Трендафилов повтори дека и денеска, како и во понеделникот пред македонското Собрание, одлучиле да бидат по 21 човек, а не повеќе.

– Намерата со по 21 човек на улица е само почитување на законот за јавните собири. Да немаше ограничување од најмалку 20 луѓе на улица, денеска ќе стоев тука сам, за да не снимаат, за да не сликаат ниту еден работник. Сите притисоци кои се обидуваат да ги направат нема да нѐ откажат, рече Трендафилов.

Присутните побараа од работодавачите да се откажат од дел од сопствениот профит за да им овозможат на работниците достоинствен живот со зголемување на платите.

– Доколку не се одважат и газдите дел од колачот да го дадат на вработените, коишто им го овозможиле во минатото тој профит, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица со нив, со блокади, со шатори, и секој еден ден да ги потсетуваме дека повеќе за тие плати нема да работиме. Условите за работа, платите во приватниот сектор, се повеќе од мизерни, повеќе наликуваат на социјална помош отколку на плата достоинствена за живот. Секое седнување на маса со претставниците од приватниот сектор, кои се претставуваат како големи газди и работодавачи, не е социјален дијалог кој доведува до унапредување на работничките права и плати, туку, напротив, пробуваат да го скратат сето она што синдикатот го обезбедил во минатото како единствен репрезентативен синдикат при Сојузот на синдикати на Македонија во приватниот сектор, рече Иван Пешевски.

Третата фаза од блокадите е Владата, која ќе биде блокирана во вторник кога Владата одржува седница. Доколку ваквите активности на синдикатот не резултираат со позитивен исход, најавен е уште еден протест кој ќе биде организиран во неработен ден за да му се даде можност на секој работник кој сака да присуствува, како и организирање генерален штрајк.

Барањата за зголемување на платите ССМ ги темели на зголемувањето на животните трошоци и зголемувањето на минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство кои во јануари, според пресметките на ССМ, се зголемени за речиси илјада денари.

Next Post
Скриншот

Трамвај излета од шините во центарот на Сараево

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk