Разговорите меѓу претставници на Русија и Украина во Женева, посредувани од САД, завршија, при што Москва ги опиша како „тешки, но деловни“, а Киjив ги нарече суштински, велејќи дека има одреден напредок, Разговорите се водеа во сенка на претходно дадената изјава на американскиот претседател Доналд Трамп со која повторно изврши притисок врз украинската страна да дејствува брзо за да се постигне договор за прекин на четиригодишниот конфликт.
Пред преговорите во Швајцарија, Русија изврши воздушни напади преку ноќ низ делови од Украина, сериозно оштетувајќи ја електричната мрежа во јужниот пристанишен град Одеса. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нападите оставиле десетици илјади луѓе без греење и вода.
Непосредно пред почетокот на трилатералните разговори меѓу САД, Русија и Украина, во текот на викендот, претседателот Трамп повторно го засили притисокот врз Украина да „седне брзо на преговарачка маса“.
Трамп посочи кон Украина кога новинарите го прашаа што очекува од разговорите во Женева.
„Па, имаме големи разговори“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. „Ќе биде многу лесно. Мислам, видете, засега, Украина подобро да седне брзо на преговарачка маса. Тоа е сè што ви кажувам.“
Трамп долго време инсистира на прекин на конфликтот, кој започна пред 4 години кога Русија изврши целосна воена агресија врз Украина во февруари 2022 година.
Москва се држи до своите барања во разговорите за огромни територијални и политички отстапки, кои Кијив ги отфрли исто толку ефикасно како предавање.
Путин постојано бара Украина да ги предаде 20% од источниот регион Донецк што сè уште го држи.
Зеленски одбива да се откаже од сопствената територија што Украина успешно ја брани од 2022 година низ долготрајна мачна војна, жалејќи се дека неговата земја се соочува со поголем притисок да направи отстапки.
Во интервју за американскиот сајт „Аксиос“, украинскиот претседетел Володимир Зеленски порача дека не е фер што Трамп упорно ја повикува само Украина да направи отстапки за мир.
.Зеленски додаде и дека украинскиот народ нема да прифати мировен договор што подразбира еднострано повлекување од Донбас и негово препуштање на Русија.
„Траен мир нема да се постигне ако победата едноставно ѝ биде предадена на Русија. Се надевам дека тоа е негова тактика, а не одлука“, рече Зеленски. изразувајќи надеж дека изјавите на Трамп се дел од преговарачка тактика, а не конечна одлука, при што сепак му се заблагодари за напорите за мир.
Очекувањата за какви било пробиви пред почетокот на разговорите во Швајцарија беа ниски, што се потврди по завршувањето на истите, при што ниту една страна очигледно не беше подготвена да отстапи од своите позиции за клучните територијални прашања и идните безбедносни гаранции, и покрај тоа што САД поставија рок во јуни за решавање на проблемот.
Зеленски кажа дека последната рунда разговори меѓу Русија и Украина била „тешка“, но тие се согласиле дека ќе се одржат понатамошни преговори.
„Можеме да видиме дека е постигнат напредок, но засега позициите се разликуваат бидејќи преговорите беа тешки“, им рече Зеленски на новинарите во разговор преку WhatsApp.
„Преговорите траеја два дена, вчера беа долги, а денеска околу два часа. Беа тешки, но деловни. Следната средба ќе се одржи во блиска иднина“, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински.
Рустем Умеров, шеф на украинската делегација, во кратка изјава им се благодариме на американски партнери што обезбедуваат процесот да продолжи, додавајќи дека има одреден напредок, но во оваа фаза не можат да се откријат детали.
Според Умеров, следниот чекор е да се постигне потребното ниво на консензус за изработените одлуки да им бидат доставени на разгледување на претседателите, а Украина останува конструктивна додека крајната цел останува непроменета: праведен и одржлив мир.
Д. Мишев / Цивил Медиа









































































































