ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХЕРА: Само 19 општини имаат младински совет, младите се недоволно вклучени во донесувањето одлуки

February 20, 2026 13:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Фото: ХЕРА

Фото: ХЕРА

Share on FacebookShare on Twitter

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија и со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), спроведува четиридневна обука „Млади за локален мир и учество“, која се одржува од 19 до 22 февруари во Велес.

Според ХЕРА, младите во Северна Македонија се соочуваат со ограничено учество во процесите на донесување одлуки и недоволно развиени механизми за нивно вклучување. „Повеќе од две третини од младите сметаат дека не се вклучени соодветно во процесот на донесување на одлуки, а дури 70% од младите не се заинтересирани за политиката“, се наведува во соопштението.

Од организацијата посочуваат дека состојбата е особено загрижувачка на локално ниво. „Само 19 општини имаат формирано локален младински совет, а локални стратегии за млади се усвоени само во 7 општини“, наведува ХЕРА.

Програмската директорка на ХЕРА, Елизабета Божиноска, истакна дека младинското учество е клучно за развојот на општеството. „Треба да не загрижи податокот што 74% од младите не се вклучени во ниту една организација или друга форма на формално здружување. ХЕРА силно верува дека младите се движечка сила на секоја позитивна промена во општеството“, рече Божиноска.

На обуката се обрати и државниот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, кој нагласи дека младите имаат клучна улога во општеството. „Денешниот настан испраќа силна порака – дека младите не се иднината што ќе дојде утре, туку сегашноста што делува денес“, изјави Сабриу.

Раководителот на локалната канцеларија на RYCO во Скопје, Владимир Ѓорѓевски, истакна дека институционалната соработка е важна за младинското учество. „Во овие процеси соработката на младите со институциите е најважна, бидејќи само така младите чувствуваат сопственост и се креираат институционални решенија кои се по мерка на младите“, рече Ѓорѓевски.

Обуката обединува млади од различни заедници, кои преку интерактивни сесии и неформално образование стекнуваат знаења за младинско учество, интеркултурен дијалог и соработка со институциите, со цел да иницираат промени и да придонесат кон развој на локални политики.

Tags: младиХЕРА
Next Post

Синдикалната минимална кошничка за февруари 67.382 денари, зголемена за речиси илјада денари во однос на јануари

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk