ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трендафилов ги повика работниците на протест: Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив

March 11, 2026 16:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„На 14-ти март во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом го започнуваме новиот голем работнички протест за зголемување на вашите плати“, порача Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), во објава упатена до работниците и синдикалните членови.

Тој ги повика работниците да се приклучат на протестот и да се борат за повисоки плати.

„За вашите плати треба да излезете заедно со нас да се борите затоа што другите нема да се борат. Тие сметаат дека ви ја даваат платата која вие ја заработувате, но вие ја заработувате вашата плата со вашата пот и со вашата мака“, наведува Трендафилов.

Незадоволство од минималната плата

Според него, зголемувањето на минималната плата за 1.667 денари не е доволно во услови на раст на трошоците за живот.

„Сметаме дека 1.667 денари усогласување само на минималната плата е недоволно во овие услови во кои живееме затоа што трошоците за живот секојдневно растат, а особено заради тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница за само два месеци е зголемена за 2.000 денари“, вели Трендафилов.

Повик до сите работници

Тој ги повика и членовите на другите синдикати да се приклучат на протестот.

„Членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати да ни се придружите во сабота во 12 часот и пет минути од пред Работничкиот дом“, порача Трендафилов.

160.000 работници со плата под прагот на сиромаштијата

Трендафилов посочи и податоци од Управата за јавни приходи според кои значителен број работници живеат со ниски примања.

„Дека платите во Македонија се мизерни покажуваат и податоците на Управата за јавни приходи кои покажуваат дека 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата“, наведува тој.

На крајот, претседателот на ССМ порача дека работниците треба да излезат и заеднички да се борат за подобри услови.

„Сметаме дека треба да излезете заедно со нас… ако не ние сега, тогаш кој и кога?!“, се наведува во објавата.

Tags: протестСлободан ТрендафиловССМ
Next Post

Почина актерот Кирил Поп Христов

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk