ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата“, реагира СДСМ

March 15, 2026 09:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата“, соопштија од СДСМ, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не реагира на растот на цените.

Во соопштението се наведува дека поскапувањето на горивата веќе има директни последици врз цените на основните производи. Според партијата, притисокот од новите цени веќе се чувствува во маркетите, при што како пример се наведува дека „цената на маслото за јадење надмина 100 денари“.

Од СДСМ прашуваат дали Владата намерно не реагира поради приходите од даноците или, како што наведуваат, станува збор за „неспособност“.

Партијата соопшти дека веќе предложила пакет мерки за ублажување на растот на цените. Во нив спаѓа намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари, како и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

„Овие мерки долгорочно ќе ги намалат цените и ќе им помогнат на граѓаните“, се наведува во реакцијата, со повик Владата веднаш да ги примени.

Според пресметките што ги изнесува СДСМ, „само со покачувањето на цената на дизелот за 14 денари, македонските граѓани оваа недела платиле околу три милиони евра повеќе“.

Во соопштението се предупредува и на можност за нов раст на цените на горивата. Партијата посочува дека, доколку војната во Иран потрае три месеци, цената на нафтата би можела да достигне меѓу 150 и 160 долари за барел, што би било речиси двојно повеќе од сегашното ниво.

Од СДСМ сметаат дека доколку не се воведе модел за ограничување на растот на цените, поскапувањата ќе продолжат и подоцна ќе биде тешко тие повторно да се намалат, дури и ако се стабилизира цената на нафтата.

Во реакцијата се наведува дека Владата „воопшто не се грижи за стандардот на граѓаните“, а се посочува и дека, според СДСМ, се одбиваат мерки за намалување на цените и за зголемување на минималната плата.

„Работниците се на улица затоа што се борат за корка леб, а власта наместо решенија ги навредува, понижува и омаловажува“, се наведува во соопштението.

Next Post

„Заедно во болката, силни во поддршката“ – апел до медиумите за одговорно известување за Кочани

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk