Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук информираше дека присуствувал на Самит на лидери во организација на Европската народна партија (ЕПП), каде учествувале претседатели на политички партии од ова европско политичко семејство.
– Денес имав чест да присуствувам на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас – објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.











































































































