ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален јазик на целата територија, додека Законот за правична застапеност ги помина сите филтри вклучително и на Венецијанска комисија

March 26, 2026 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

„Законот за правична застапеност очекувам набргу да се најде овде пред пратениците откако ги помина сите филтри вклучително и оној на Венецијанска комисија. Со препораките од Венецијанска комисија истиот ќе биде донесен во Парламент, поминат на Влада и се надевам дека ќе го поддржите. Но, уставен, а не неуставен како што вие односно коалицијата на која и припаѓате ги лажеше Албанците во Македонија повеќе од 20 години. Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и оваа коалиција и коалицијата која вие ја поддржувате“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи.

Во врска со користењето и познавање на јазиците, премиерот Мицкоски нагласи дека македонскиот јазик според Уставот е официјален јазик на целата територија и му посочи на пратеникот Реџепи дека како што се гледа не му требаат слушалки со превод за да го разбере, но ако ги користи таму има превод и на албански.

„Ниту еден јазик не ми пречи на светов и нема да ми пречи. Не знам зошто се вознемирувате, но според Уставот е дека официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Има таму дополнувања во следниот член, понатаму дополнување за единиците за локална самоуправа каде повеќе од 20% има етнички заедници над таа бројка го користат својот јазик, има турска заедница, српска бошњачка, не ми пречи мене, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам и да го учам и научам Колку повеќе јазици знам, толку побогат сум“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна и на настанот во Тетово при што потенцираше дека таков однос од страна на новинар кон министерката за образование е непристоен без разлика дали е на македонски или на албански јазик.

„Апсолутно никој нема против да го користите албанскиот јазик, ако сакате и на англиски зборувајте и на германски, француски. Никој нема против, но треба да се знае дека официјален јазик во оваа држава е македонскиот јазик и кирилското писмо и за меѓународна употреба е македонскиот јазик и кирилското писмо и така е според Уставот“, изјави премиерот Мицкоски.

Next Post

Во Скопје вечерва промоција на сликовницата „Памук“ – визуелна бајка за домот и растењето

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk