ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски: БРТ ќе се движи по крајните ленти – трасата нема да го загрози зеленилото

March 28, 2026 13:38
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека идниот систем за брз автобуски превоз (БРТ) ќе се движи по крајните сообраќајни ленти и нема да поминува низ средишното зеленило, со што, како што посочи, ќе се заштити водоснабдувањето на градот.

Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски истакна дека Скопје прави значаен чекор кон воведување на модерен, еколошки и високо-капацитивен јавен превоз, кој треба да донесе побрзо и поефикасно движење низ градот.

„Она што е особено важно да се нагласи е дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што целосно се заштитува водоснабдувањето на Скопје. Напротив, системот ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај“, наведе градоначалникот.

Тој информира дека имал средба со проектантите на БРТ, на која биле презентирани техничките решенија и концептот на системот, кој функционира како „метро на тркала“ – со посебни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.

Според Ѓорѓиевски, проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

„Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето“, посочи тој.

Градоначалникот нагласи дека за разлика од претходните години, сега станува збор за „сериозно поставен и институционално заокружен проект“, со обезбедено финансирање.

„Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ“, додаде Ѓорѓиевски.

Во објавата, тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката, како и за процесот за набавка на 100 нови еколошки автобуси.

Ѓорѓиевски оцени дека БРТ претставува стратешка инвестиција што ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе воведе поголема ефикасност во јавниот превоз, со цел Скопје да се приближи до европските стандарди за урбана мобилност.

Next Post
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

150 хороскопи со Анаис – кога ѕвездите станаа дел од секојдневието

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk