ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

April 24, 2026 00:15
in ДЕНЕС, СПОРТ
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „Проневера во службата“, со кое осомничениот прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје.

Според наводите на МВР, делото е извршено во периодот ноември-декември 2024 година, кога осомничениот ја извршувал функцијата претседател на ФФМ. Истрагата укажува дека станува збор за злоупотреба на строго наменски средства добиени од УЕФА преку програмата „HatTrick VI“, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура во земјата.

Манипулација со изградбата на трибината во Охрид

Осомничениот, во рамки на споменатиот проект, започнал постапка за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. По добивањето одобрение од Управниот одбор, тој побарал понуди од три компании, при што била избрана најповолна понуда во износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ. Меѓутоа, спорниот момент настанува при склучувањето на финалниот договор со избраната фирма.

Иако изведувачот не го побарал тоа, ниту во првичните барања за понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор вметнал дополнителен услов во договорот. Со овој услов била предвидена авансна уплата од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на какви било градежни работи.

Исплата на аванс без правно обезбедување

МВР посочува дека осомничениот го потпишал договорот без да предвиди никакво правно обезбедување за средствата исплатени на име аванс. На 17 декември 2024 година, со негов налог, сумата од околу 660 илјади евра била префрлена на сметката на правното лице, иако изведувачот сè уште немал преземено никакви активности на терен.

Со оваа постапка, поранешниот претседател на ФФМ му овозможил на скопското правно лице да се стекне со значителна противправна имотна корист, со што директно ги оштетил фондовите на федерацијата доверени за унапредување на спортската инфраструктура. Осомничениот е лишен од слобода и предаден на надлежните органи за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од МВР.

Next Post

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk