ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026 10:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Фото: СКРМ

Фото: СКРМ

Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на културата соопшти дека остварил работна средба со министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, на која било договорено формирање две заеднички работни групи за прашања поврзани со Колективниот договор и Законот за култура.

Од СКРМ средбата ја оценија како важен чекор кон обновување на социјалниот дијалог, по, како што наведуваат, две години во кои нивните барања и забелешки не биле соодветно разгледувани.

Првата работна група ќе се занимава со Колективниот договор за култура, кој е во постапка пред Уставниот суд, додека втората ќе работи на Законот за култура. Од Синдикатот најавија дека активно ќе учествуваат во подготовката на законските решенија, со цел тие да ги одразуваат потребите и правата на вработените во културата.

На средбата биле отворени и повеќе прашања кои подолг период ги засегаат културните работници. Меѓу нив е исплатата на стручните звања во дејноста заштита, за која СКРМ тврди дека во претходниот период се спроведувала селективно.

Синдикатот побара правата што произлегуваат од работниот однос да се применуваат еднакво за сите вработени кои ги исполнуваат законските и професионалните услови, без да зависат од поединечни или селективни одлуки.

Се разговарало и за унапредувањата во театарската дејност. Според СКРМ, дел од вработените, особено актерите, со години не биле унапредувани, додека во одредени случаи поединци биле унапредувани повеќепати во повисока група.

Од Синдикатот побараа да се воспостават еднакви критериуми, транспарентност и правичност во постапките за унапредување на сите вработени во културата.

Меѓу темите на средбата бил и бенефицираниот стаж на балетските уметници. СКРМ посочува дека ова прашање бара системско решение поради специфичноста и физичката тежина на балетската професија.

Според Синдикатот, позитивниот однос на министерот кон отворените прашања остава простор договорениот дијалог да резултира со конкретни решенија.

„Правата на културните работници не треба да бидат предмет на дневна политика, селективно толкување или празни ветувања. Културата не ја создаваат институциите на хартија, туку луѓето што работат во неа“, порачаа од СКРМ.

Next Post

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk