ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026 19:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) денеска објави остра реакција на величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ од страна на коалициски партнер на власта. Соопштението го пренесуваме во целост.

Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), чиј претседател Иван Стоилковиќ е актуелен министер за локална самоуправа во Владата, на социјалните мрежи јавно се простува од Ратко Младиќ претставувајќи го како национален херој.

Она што загрижува е дека ДПСМ, партија која е дел од власта и државните институции, која има свој министер во Владата на Северна Македонија, која има пратеник во Собранието на Северна Македонија, која има директори во владините институции, преку своите канали за комуникација на социјалните мрежи, осудениот воен злосторник го претставува како национален херој.

Исто така, дел од медиумите, оние медиуми на „српскиот свет“ во Северна Македонија, се обидоа преку смртта на Ратко Младиќ да го релативизираат „ликот и делото“ на нивниот „генерал“.

Очигледно е дека идеологијата и идејата на монструмот Ратко Младиќ живее во македонското општество, политичките партии, невладините организации и медиумите кои ја спроведуваат идеологијата на „српскиот свет“ во Северна Македонија.

Историјата ќе го запамети Ратко Младиќ како воен злосторник осуден на доживотен затвор за најтешките злосторства извршени на европско тло по Втората светска војна, според пресудата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Вистината, на која целиот свет сведочеше пред само три децении, не може да се релативизира, а уште помалку да се прекројува.

Сакаме јавно да кажеме, доколку премиерот Христијан Мицкоски, како и првиот вицепремиер Беким Сали, не реагираат на овие ставови на партијата и членовите на ДПСМ, тогаш ќе сметаме дека цела Влада на Р. Северна Македонија ги споделува истите ставови.

Истото важи за сите политички партии кои се дел од владејачката коалиција, доколку не го осудат величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ од страна на нивниот партнер ДПСМ, ќе сметаме дека ги споделуваат истите ставови и кон нив така ќе се поставиме.

СДА Македонија ќе даде свој придонес нашето општество да ја порази идеологијата на „српскиот свет“ кои два дена низ медиумите и социјалните мрежи глорифицираат геноцид, воени злосторства, етнички чистења.

Ќе ја поразиме идејата на големосрпската пропаганда дека е „херојство“ ако убиваш деца, жени и немоќни цивили.

 

Next Post

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk