ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026 15:10
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Џелал Хоџиќ

Додека го пишувам текстот, нема реакции од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за тоа што политички субјект – ДПСМ, кој е дел од нивната владина и партиска коалиција, два дена го величаше воениот злосторник осуден на доживотен затвор Ратко Младиќ. Другиот по големина владин партнер ВЛЕН вчера срамежливо реагираше на глорификацијата на воениот злосторник од страна нивниот партнер во власта ДПСМ.

Еве неколку аргументи колку е голема бруката:

Европската комисија (ЕК) во петокот (28 август) соопшти дека секое величање на воени злосторници е спротивно на европските вредности и дека за тоа нема место ниту во Европската Унија, ниту кај кандидатите за членство.

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика Хрватска да ги блокира преговорите на Европската Унија со Србија и Црна Гора поради реакцијата на српските власти предводени од Александар Вучиќ и претседателот на Собранието на Црна Гора Андрије Мандиќ на смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ. Нам „српскиот свет“ одамна ни го сопре европскиот пат.

Кога укажувавме на негативното влијание на „српскиот свет“ во демократските процеси во нашата држава, власта тогаш негираше, релативизираше и преку своите ботови нас неколкумина нѐ етикетираше.

Кога во извештајот на Европскиот парламент се најде нотирано негативното влијание на „српскиот свет кон Македонија“, велеа дека тоа е дело на европарламентарците кои доаѓаат од Бугарија. Кога извештајот го усвојуваше огромно мнозинство во Европскиот парламент, тогаш спинуваа со други глупости.

Уште еден феномен: медиумите на „српскиот свет“ не ги пренесуваа ставовите на демократските партии, невладини организации, медиуми и интелектуалци од Србија, кои имаа цивилизациски ставови за смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Кога Додик, среде Скопје, му се придружи на Стоиљковиќ во негирањето на геноцидот на Сребреница, мислевте дека тоа е навреда само за бошњачкиот народ во државата. И сето тоа – проследено со аплауз од рускиот амбасадор.

Колку време им требаше на Мицкоски и МПЦ да реагираат на изјавата на Вучиќ дека црквата во Скопје е дел од СПЦ!? Од каде тој страв, за таа смешна реакција и на Мицкоски и на МПЦ кон Вучиќ, за така голема навреда.

Зошто Собранието одби да ги даде снимките од инцидентот на Иван Стоиљковиќ со дел од опозициските пратеници кога се гласаше реконструкцијата на Владата? И тоа се обиде власта да го заташка.

Уште колку анти-цивилизациската, анти-западната и анти-демократската политика на Иван Стоиљковиќ треба да ѝ произведе скандали и срамови на државата Северна Македонија, па ако сакате и на Владата на Северна Македонија? Зошто на Мицкоски не му е јасно дека Стоиљковиќ ѝ прави штета на државата, коалицијата, граѓаните, па и на мнозинството наши сограѓани кои се етнички Срби!?

Северна Македонија ја претворивте во монета за поткусурување во рацете на еден диктатор чиј режим се руши во Белград. Во рацете на Александар Вучиќ, ученик на четничкиот војвода Шешељ.

Не видов реакција досега ниту од ЗНАМ, кој е трет партнер во власта по големина, како и нивниот претседател Максим Димитриевски. Дали и тие се сложуваат или се оградуваат од величењето на Ратко Младиќ и четничката идеологија во Северна Македонија, од страна на ДПСМ.

Пред некое време видовме на социјалните мрежи како Максим Димитривески повикува негови сограѓани на избори во Србија да гласаат за Алексансар Вучиќ. Човекот кој глумеше социјалдемократ, кој повикуваше да влеземе во НАТО, заврши како човек кој повикува да се гласа за Вучиќ кој има јасна историја во делувањето во четничката идеологија, заедно со четничкиот војвода Воислав Шешељ.

Максим Димитриевски кој се прогласуваше за следбеник на АСНОМ и антифашистичката борба на партизаните во НОБ заврши така што почна да ги повикува свои сограѓани да гласаат за Вучиќ кој политичката кариера ја направи на фашистичкиот слоган  „За еден Србин ќе убиеме 100 муслимана“.

Ако коалициските партнери на Стоиљковиќ не реагираат, ова брука на ДПСМ ќе остане како дамка на оваа Влада и партиските коалициски партнери. А и благата вчерашна реакција на ВЛЕН ќе биде ставена на испит од понеделник.

Главното прашање е следново:

Навистина ли власта ќе дозволи „српскиот свет“ покрај спречувањето на европската иднина на државата, да произведе и етнички тензии во нашето општество?

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Shortcut

Најново

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk