ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026 18:33
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Share on FacebookShare on Twitter

На 1.648-от ден од целосната руска агресија врз Украина, руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура повторно се интензивираа. Во последните 24 часа, најтешки последици се регистрирани во Кијивската област, каде што руски напад врз Бучанскиот реон предизвика голема детонација, пожар и масовни цивилни жртви.

Според најновите информации објавени од украинските власти, најмалку 37 лица загинаа, а голем број се ранети во најновиот бран на руски терор врз цивилите во Украина. Агресорот изврши напад и врз магацински објект во близина на селото Мила, во Бучанскиот реон, западно од Кијив. Нападот предизвика силна детонација и голем пожар, а оштетени се станбени згради, околу 50 домови и објект за грижа за стари лица и лица со попреченост.

Гувернерот на Кијивската област, Тимур Ткаченко, предупреди дека бројот на жртвите може да не биде конечен. Според извештаите, меѓу повредените има и деца, а спасувачките и итните служби продолжија да работат на терен по нападот и детонацијата.

Украинската амбасадорка Лариса Дир ги потврди мрачните статистики во објава на Х во која додава дека на Украина итно ѝ се потребни средства за противвоздушна одбрана, како и засилени санкции против агресорот.

„Од ноќеска рф ги тероризира градовите низ Украина. Во Кијив и областа—најмалку 37 загинати, десетици се повредени. Агресорот погоди магацин во селото Мила, предизвикувајќи детонација. Оштетена е цивилната инфраструктура. На Украина ѝ се потребни посилна ПВО и засилен санкциски притисок врз рф“, напиша амбасадорката Дир. 

Од ноќеска рф ги тероризира градовите низ🇺🇦. Во Кијив и областа—најмалку 37 загинати, десетици се повредени. Агресорот погоди магацин во селото Мила, предизвикувајќи детонација. Оштетена е цивилната инфраструктура. На🇺🇦ѝ се потребни посилна ПВО и засилен санкциски притисок врз рф pic.twitter.com/QCPDmjcdJP

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 29, 2026

Нападот врз Бучанскиот реон доаѓа по два дена речиси постојани руски дронски бранови врз Кијив и околината. Русија испрати над 500 дронови врз Кијив и други украински градови во континуиран напад што траеше повеќе од 30 часа, што ги отежна спасувачките операции и предизвика сериозни прекини во секојдневниот живот, вклучително и големи доцнења на железничкиот сообраќај.

За хаос во сообраќајот и затворени делови од мрежата на подземната железница во главниот град јавија и изворите на ЦИВИЛ МЕДИА.

„Од метро станицата каде што застана возот не можеме понатаму. Надвор не смееме да излеземе, затоа што има активна тревога. Во станицата има продавница ‘Се за едно евро’, каде што набавивме покривки и други предмети што ќе ни овозможат полесно да ја поминеме ноќта, доколку е потребно. Си помагаме. Некои од патниците се со деца. Но тоа е. Ќе издржиме, ви благодариме за грижата. Поздрав до Скопје“, ни одговори нашата соговорничка од Кијив.

Во јужниот дел на Украина, Херсонската област повторно беше под силни руски удари. Руските напади во регионот убија две лица и повредија 27, меѓу нив и дете. Локалните власти предупредуваат дека цивилното население е изложено на постојана опасност поради интензивираното бомбардирање и оштетувањата на критичната инфраструктура.

Руските воздушни напади ја оштетија и украинската мрежа за логистика на храна, вклучувајќи магацини на трговски синџири, поштенски услуги и дистрибутивни центри. Украинскиот министер за земјоделство Тарас Висоцки изјави дека околу 90 проценти од малопродажната логистика за храна е уништена, иако властите засега не очекуваат целосен недостиг од храна.

Овие напади врз магацини, трговски центри, поштенски и логистички капацитети не се спореден ефект од војната. Тие директно го погодуваат цивилниот живот, намерно, со умисла. Целта на агресорот е да го наруши снабдувањето со храна, транспортот, пристапот до основни производи, работните места и способноста на градовите да функционираат под постојани воздушни тревоги. Во Кијив, руските дронски напади во претходните денови оштетија станбени згради, магацини, возила и критична инфраструктура.

На 27 август, Русија изврши уште еден голем напад врз украински градови, меѓу нив Кијив, Одеса и Полтава, со ракети и беспилотни летала. Погодени се пристаништа, индустриски објекти и дистрибутивни капацитети на трговски компании, а украинските власти соопштија дека дел од нападот е одбиен. Во истиот бран, неколку дронови навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.

Покрај директните жртви, руската кампања има цел да ги исцрпи цивилите, да ја оптовари противвоздушната одбрана, да ја парализира логистиката и да го претвори секојдневниот живот во постојана вонредна состојба. Нападите врз домови, магацини, пристаништа, железница, енергетика, трговски ланци и објекти за грижа за ранливи лица ја покажуваат истата логика, а тоа е цивилното население да биде изложено на траен терор и ризик по животот.

Украина продолжува од сојузниците да бара повеќе противвоздушна и противбалистичка одбрана, повеќе ракети-пресретнувачи и посилен притисок врз руската воена индустрија. Денешниот биланс од Кијивската област и Херсон уште еднаш покажува дека времето не е техничко прашање. Секое одложување значи нов ризик за цивилите.

Џ. Дерала | ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk