ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026 10:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Исланѓаните се изјаснија против обновување на преговорите за членство на земјата во Европската Унија, покажуваат најновите резултати од референдумот одржан во саботата. Според исландскиот јавен сервис RÚV, исходот веќе практично не може да биде променет, иако утрово сè уште се пребројуваа последните гласачки ливчиња во еден од шесте изборни окрузи.

По преброени околу 188.500 гласови, 52,5 отсто гласале против, а 47,5 отсто за предлогот Исланд повторно да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Пет од шест изборни окрузи веќе ги имаа објавено конечните резултати, а преостанатиот југозападен округ исто така се движеше во корист на опцијата „не“.

Резултатот дојде по драматична изборна ноќ. Првите преброени гласови покажуваа мала предност за приврзаниците на продолжувањето на европскиот пат, особено по објавувањето на резултатите од Рејкјавик. Во двата округа на главниот град мнозинството беше за обновување на преговорите, но како што пристигнуваа резултатите од руралните делови на земјата, односот се промени во корист на противниците.

Референдумот го иницираше владата на премиерката Криструн Фростадотир, а прашањето пред гласачите беше дали Исланд треба повторно да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Важно е дека гласањето не беше директен референдум за членство во Унијата. Дури и доколку победеше опцијата „да“, евентуалниот договор за пристапување требаше повторно да биде ставен пред граѓаните. И самиот референдум, според исландскиот изборен закон, има советодавен карактер.

Кампањата беше силно поделена околу економијата, безбедноста и контролата врз природните ресурси. Приврзаниците на европската интеграција тврдеа дека членството би можело да обезбеди поголема економска и геополитичка стабилност во услови на војна во Украина и зголемени тензии околу Арктикот и Гренланд. Економскиот аргумент доби дополнителна тежина откако Централната банка на Исланд на 19 август ја зголеми основната каматна стапка на 8 отсто, додека инфлацијата останува над пет проценти.

Противниците, пак, предупредуваа на губење дел од националниот суверенитет, а најчувствителното прашање беше рибарството. Исланд располага со исклучително богати риболовни води, а стравувањето дека членството би ја ограничило самостојната контрола врз квотите и пристапот до морските ресурси со години е една од главните пречки за влез во ЕУ.

Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, по финансиската криза. Преговорите беа ставени во мирување во 2013 година по смената на власта, но апликацијата никогаш формално не беше повлечена.

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk