ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Медиумски пирати

Јавната сфера во демократски околности не е и не смее да биде усмрдена

September 13, 2026 08:21
in ZOOM IN, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Јавната сфера во демократски околности не е и не смее да биде усмрдена депонија за евтин политички инженеринг.

Но, дали е тоа така овде?

Се разбира дека, не е…

Би можеле да поставиме легитимно прашање – што воопшто претставува јавната сфера денес?! Но, тоа не може да биде предмет на една колумна, туку на научен труд, па затоа за ова ќе се произнесам на друг форум.

За нас овде е важно дека јавната сфера, особено медиумската јавност, по „службена должност“ би требало да биде арена за полемика која ќе овозможи рационален консензус (Хабермас).

Рационален – што?!

Ништо…

Бидејќи вмровската влада повторно, во согласност со својата авторитарна позиција, дебело го користи излитениот „copy-paste“ рецепт од кујните на северната политичка ОСКА, која е на заминување. Таа, имено, повторно, спроведува брутална операција за медиумско заробување. Нивните авторитарни
бригади градат нова инфраструктура за тотална контрола и за перење на мозоци; на оние кои останаа овде. Глодарите…

Се чини дека екипата на Euronews Македонија незаконски ординира по владините прес-конференции, директно легитимирана од власта. За тоа време, АВМУ и З.Т. мачкаат очи со фиктивни постапки, пропуштајќи сè под маса – без разлика што и во финансиската полиција има процес. Но, сѐ е тоа димна завеса…

А, целта им е јасна: инсталација на анти-ЕУ пропаганда во служба на Комитетот.

Оваа мозочноперачка мрежа е прецизно исплетена; и од јавно достапни сериозни извори, произлегува дека мрежата ја плете орбанова Alpac Capital, во соработка со 4iG и Вучиќевата Алта банка (која веќе e под обвинителска лупа на ЕУ). Во овој логистички хаб за узурпација на нашиот етер удобно се инфилтрирани и
кадри на ВМРО (М.К.В.), комплетирајќи ја медиумската окупација.

Уште повеќе, парите од јавните претпријатија се слеваат таму, за на крај граѓаните самите да си го финансираат сопственото медиумско труење и тенденциозно перење на мозоците, плус добиваат и центрифуга – гратис; сушењето на мозочните ќелии е само за VIP-овци.

Но, знаете што е најстрашното? Не е нивната агресија, туку нашето внатрешно гниење.

Телевизиските дебати се претворени во тешка, неподнослива тиња! Апсолутно е морбидно во име на некаква си квази-објективност да се форсира лажен баланс (false balance). Во дебатите не може нештата да се третираат симетрично по принципот – „малку за фашистите, малку за Евреите“! Тоа не е плурализам, туку нормализација на медиумскиот предикамент.

Дали се разбираме?

Доколку не се разбираме, еве поедноставно: медиумот сам себе го убивал; или, журнализмот го продаде кучата! А ако милувате милициски израз, повелете: при што му зададе удар во пределот на медиумите!

ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ.

Голема чест!

Додворувањето и самоцензурата ѓаволски скапо чинат, почитувани медиуми. Како што брилијантно поентираше Бранимир Ј. во своето неодамнешно интервју, оваа автократска машина веќе тропа и на сечија врата.

Така што, пиратите дојдоа; и ова е еден класичен медиумски предикамент. Но, истовремено, ова е моментот на вистината: нема веќе простор за сервилност и удобна неутралност.

***

Седма сило, не дај се – тоа се само обични медиумски пирати. Шансата за поправен е сѐ уште можна, барем засега…

 


Проф. д-р Ана Чупеска е универзитетска професорка и потпретседателка на Советот на СДСМ | Текстот е личен став на авторката | CC BY 4.0


Фронтлајн | идеи на првата линија

Shortcut

Најново

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk