ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026 11:41
in ZOOM IN, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Три граѓански организации бараат мораториум на свечените, протоколарните и промотивните настани во рамките на претстојната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Наместо конференции, симболични кампањи и осветлување згради во портокалова боја, тие бараат конкретни институционални мерки, одговорност за пропустите во заштитата на жртвите и итно обезбедување ресурси за спречување на насилството врз жените.

Повикот го упатуваат Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, преку отворено писмо до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународните организации, амбасадите, донаторите и јавноста.

Како причина за иницијативата ги наведуваат седумте случаи на фемицид, меѓу кои и последниот случај со 17-годишно девојче од Богданци. Организациите предупредуваат дека дел од жртвите претходно пријавувале насилство и барале институционална помош, но сепак не добиле соодветна заштита.

„Портокаловата боја не спасува животи. Институциите треба да спасуваат животи“, порачуваат организациите, оценувајќи дека годишното повторување на кампањи и декларативни заложби не може да ја замени секојдневната обврска на државата да ги заштити жените.

Седум барања за институционална одговорност

Во отвореното писмо се наведени седум конкретни барања до Владата, Собранието и надлежните институции.

Меѓу нив е барањето за итна, независна и темелна истрага за институционалното постапување во сите случаи на фемицид, особено во оние во кои претходно било пријавено насилство. Организациите бараат да се утврдат евентуалните пропусти, како и индивидуалната и институционалната одговорност.

Бараат и итно усвојување законски измени за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, вклучително и регулирање итни мерки за заштита и употреба на посебни електронски уреди, односно алки за следење.

Дополнително, повикуваат на враќање на поимите род и родова еднаквост во законите за образование, упатствата за заштита од насилство и програмите за сексуално образование. Според организациите, отстранувањето на овие концепти ги ослабува превентивните механизми и ја зголемува ранливоста на следните генерации.

Меѓу барањата се и усвојување на заклучоците од надзорната расправа за родово базираното насилство, со конкретни рокови за институционално постапување, како и обезбедување доволно буџетски средства и стручни кадри за полицијата, центрите за социјална работа, обвинителствата, судовите и здравствените установи.

Организациите бараат стабилно јавно финансирање на специјализираните услуги за жртвите низ целата држава, вклучително и засолништа, кризна интервенција, психосоцијална и правна помош, услуги за децата и програми за работа со сторителите.

Седмото барање е објавување јавен и обврзувачки план со конкретни институционални задолженија, рокови, обезбеден буџет и мерливи резултати, за кој Владата и Собранието редовно ќе известуваат.

Апел до меѓународната заедница

Посебен повик е упатен и до Обединетите нации, Европската Унија, ОБСЕ, амбасадите и меѓународните донатори. Од нив се бара да ја искористат својата политичка улога за да побараат одговорност од институциите и да ги насочат средствата кон услугите и механизмите што непосредно придонесуваат за заштита на жените.

„Не бидете дел од протоколот. Бидете дел од решението“, е пораката до меѓународната заедница.

Организациите нагласуваат дека нивниот повик не значи прекин на јавната дебата за насилството, туку барање таа да биде проследена со конкретни одлуки. Предлагаат овогодишната кампања „16 дена активизам“ да се претвори во 16 дена институционална одговорност, во кои ќе се усвојуваат законски решенија, ќе се обезбедуваат буџети и ќе се преземаат мерливи обврски.

„Заштитата на жените не смее да биде годишна кампања. Таа мора да биде секојдневна обврска на државата“, порачуваат трите организации.

Нивната завршна порака е: „Наместо портокалови згради – функционални институции! Наместо 16 дена симболика – секојдневна вистинска заштита од насилство!“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk