ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тетовци бараат совети од психолозите како да се справат со анксиозноста поради корона вирусот

Четворицата психолози од Здружението „Кортекс“ ги понудија своите услуги бесплатно со определени термини преку телефон, електронска пошта, Скајп или Фејсбук месинџер од профилот на Здружението.

April 20, 2020 07:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Како да се справат со чувствата на страв, загриженост, возбуденост и стрес поради неизвесноста дали ќе им се случи нешто непријатно во врска со корона вирусот. За ваквите психолошки проблеми се јавуваат поединци кај неколкуте психолози од здружението „Кортекс“ кои неколку недели даваат бесплатна стручна помош на граѓаните во насока на надминување на психолошките оптоварувања и стресната состојба што преовладува со ширењето на корона вирусот.

-Генерално, не може поединечно да се каже, главниот проблем за кој сакаат да зборуваат и да прашуваат луѓето е изолацијата и стравот да не се заболат. Ако случајно дојде до тоа, што понатаму. Втора работа е стресната ситуација што се јавува кај некои поради потребата да се биде во изолација. Тие што се јавуваат најчесто бараат решенија како да се справат со анксиозноста за време на овој период. Ние зборуваме советодавно – да се посвети внимание на себеси, да се завршат некои работи за кои искрено никогаш не сме ни помислеле дека можеме да ги направиме поради тоа што одиме на работа или пак се немало време за некои работи. Не е лошо да се посвети и на тоа внимание.

Да се поминува времето порелаксирано, да има повеќе дружење, да се воспостави повеќе блискост со своите дома, да им се посвети повеќе внимание на нив, објаснува Билјана Радичевска, психолог и членка на Здружението на психолози, советници и психотерапевти „Кортекс“ од Тетово.

Според нејзиното искуство, оние кои побарале психолошка помош не се од некоја општествена група или со одредена карактеристика.

-Се јавуваат луѓе од секаква возраст, пол, професија. И постари лица и многу помлади, да не речам деца но има и тинејџери, има од 14 години па нагоре. Се јавуваат и родители кои сакаат да прашаат и да се консултираат во однос на тоа како да се справат со децата во оваа ситуација. Главно се интересираат како да им го привлечат вниманието на децата да останат дома. Сите објаснуваат дека деца како деца гледаат дека времето е убаво па сакаат да излезат надвор. Со нив разговараме што да прават, на кој начин да им помогнат, како поедноставно да ги изолираат и да не ги ставаат во ризик, објаснува Радичевска.

Таа потенцира дека кога разговара со луѓето забележала дека и информациите со кои располагаат може да претставуваат една потешкотија на поединецот околу справување со неизвесноста. -Кога ќе ми кажат одредени работи се забележува дека луѓето се во дилема за одредена работа поврзана со заболувањето со корона вирусот и се оптеретуваат со тие информации кои ги имаат слушнато или прочитано. Имаат премногу информации, од секаде и самите тие информации понекогаш создаваат проблем што не би требало да го има. Прво и основно треба да се селектираат информациите, да се види кои се валидни, а кои се невалидни. Така ќе се дознае што е тоа навистина штетно, што е тоа што може навистина да те зарази, што е тоа што ти можеш да направиш погрешно па да заразиш некого. Тоа се работи за кои ние треба детално да бидеме информирани, за правилно да размислуваме и носиме одлуки кои се поврзани околу справувањето со опасноста од корона вирусот, рече психологот.

Ја прашавме психологот, зошто луѓето прават несовесни постапки во време на пандемија со кои загрозуваат други луѓе. Пример за тоа е кога искористените заштитни маски и ракавици наместо во кантите за отпадоци поединци ги фрлаат на земја, па со тоа уште повеќе ја зголемуваат опасноста од зараза на отворен простор. Прашањето се поставува бидејќи глетка на фрлени искористени ракавици внесува страв кај луѓето од можна зараза.

-Ако некои препораки се дадени за да се заштити нашето здравје, јас сметам дека би требало да ги почитуваме за да се заштитиме себеси, а после и другите. Доколку постапуваме по правилото дека треба да се заштитиме себеси треба да бидеме свесни дека и другите треба да бидат заштитени, односно да не правиме нешто со што би првично би било опасност и за нас самите и за сите останати, вели Билјана Радичевска.

Четворицата психолози Билјана Радическа, Сема Халили, Небахат Имери и Мајлинда Абази од Здружението ги понудија своите услуги бесплатно со определени термини преку телефон, електронска пошта, Скајп или Фејсбук месинџер од профилот на Здружението. Граѓаните може да се обратат на e-mail [email protected].

Исто така, на профилите на социјалните мрежи на општина Тетово и Здружението „Кортекс“ објавени се термините и броевите на кои може да се добијат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Навики што создаваат јаз во врската

May 9, 2025

ЕК обезбеди дополнителни три милијарди евра за спроведувањето на Пактот за миграција и азил

May 9, 2025

УНИЦЕФ ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk