ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска: Економијата во добра кондиција, реални очекувањата за раст од 3,5 отсто

ММФ во вчерашниот извештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти. За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто

October 18, 2019 10:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до раст од 3,5 отсто, оценува министерката за финанснии Нина Ангеловска по нагорната ревизија на проекцијата за економскиот раст на државава во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесе МИА.

Ангеловска во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик во тек на учеството  на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светска банка (СБ) во Вашингтон, истакнува дека економијата бележи раст на широка основа.

– Кога споменувате за корекцијата на ММФ за светската економија добро е да се каже дека втор пат ММФ нагорно го корегира растот на македонската економија. Ова е најнов податок од вчера и растот е проектиран на 3,2 проценти, односно ревидиран по првата ревизија во април, што значи дека добри се изгледите за растот на македонската економија.  Добро е што може да се каже дека зборуваме за раст на една широка основа, при раст на инвестициската активност, раст на градежништвото, на потрошуваката, на извозот, кредитирањето на приватниот скетор. Оттука си даваме за право да кажеме дека македонската економија е во добра кондиција, се движи одлично и оти е реално очекувањето да достигнеме проектираниот раст од 3,5 проценти, што воедно е проекција на Министерството за финансии и на Народната банка, вели Ангеловска.

ММФ во вчерашниот извештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти. За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто.

Од земјите во регинот годинава најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто, 3,5 отсто Србија, три отсто Црна Гора, Албанија и Хрватска. За наредната година се предвидува раст од четири отсто во Косово и Албанија, 3,5 во Србија, 2,7 во Хрватска, 2,5 во Црна Гора.

До 2024 годинаво во регионот растот ќе достигне до четири отсто во  Србија, Албанија и Косово, БиХ три отсто, Црна Гора 2,9 и Хрватска два отсто.

ММФ ја намали прогнозата за растот на светската економија на три отсто, што е 0,2 процентни поени пониска од последната априлска прогноза.

На средбите во Вашингтон, делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска -Бежовска и министерката Ангеловска, оствари повеќе работни состаноци со претставници на меѓународните финансиски институции и организации.

Next Post

Летно и зимско поместување на стрелките на часовникот до 2021 година

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk