ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разбојници и фолиранти!

Значи, да повториме, работеа и работат против македонскиот напредок, против воспоставување на правниот поредок, се обидоа да извршат државен удар, ги блокираат сите процеси, испраќаат писма и се јавуваат кај сите свои контакти што се доволно пристојни да им кренат слушалка и безочно лажат и кудат, онака како што им диктира некој што е против македонските, но и европските интереси. Прочитани се одамна, а сѐ помалку се и оние што ги сослушуваат од чиста куртоазија.

October 18, 2019 12:20
in ФРОНТ
Анти ЕУ и НАТО протести на ВМРО-ДПМНЕ, април 2016, фото: ЦИВИЛ

Анти ЕУ и НАТО протести на ВМРО-ДПМНЕ, април 2016, фото: ЦИВИЛ

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како бре? Тие ќе ја водат Северна Македонија во ЕУ? Без срам и перде, откако пукна скандалот дека работат против ЕУ и НАТО интеграциите на земјата, објавуваат дека тие ќе ја водат земјата во ЕУ. Откако и сестринските партии во Европа почнаа да ги изолираат и да ги избегнуваат по ходниците во европските институции и да ги бркаат од маса кога снисходливо им приоѓаат во хотелските фоајеа, овде продаваат пуфки дека се единствените способни за спроведување на стратешките интереси на земјата.

протести против ЕУ и НАТО, јануари 2018 година, фото: А. Стаматиу

Никогаш не работеле на ЕУ и НАТО агендата. И тоа не би било проблем, има кој да работи на тоа, но неволјата е што секогаш работеле ПРОТИВ македонските стратешки интереси. И еве ги сега, не чинела владата и затоа што не знаеле да ја доведат земјата во позиција да ги започне преговорите.

Со исклучок на само еден претседател на ЕУ држава, сите лидери на европските држави ја поддржуваат Северна Македонија, без резерви и со комплименти за напредокот на нашата земја што ни јас не би ги упатил. Тоа го викаат неуспех? Да зависеше од вемерето, ние немаше да бидеме ни на агендата. Немаше да бидеме ни во кантата за ѓубре.

протести против ЕУ и НАТО, јануари 2018 година, фото: А. Стаматиу

За време на кампањата за Референдумот, работеа, меѓу другото и за Мицотакис. Дека тоа е така, покажа и неодамнешната изјава на сегашниот премиер на Грција, кој призна дека бил против Преспанскиот договор и дека никогаш не би го потпишал, затоа што е штетен за Грција. Тоа треба да се повторува сѐ додека и последната будала во земјава мисли дека нешто сме изгубиле со Преспанскиот договор. Доволно е да се каже дека сме веќе во НАТО, само една година по Референдумот, оној што, во спрега со руските бот фабрики се обидоа да го спречат. Како и сите други „патриотски“ битки што ги поведоа против својата сопствена земја.

Може да се фатат за Дино Мерлин и разните Цеци што и сдсмовските градоначалници, како и нивните, продолжија да ни ги носат по плоштадите, може да кажат дека и новата власт веднаш доби своја Силвана Бонева во ликот на Мира Дизел, низа други работи… Ама за ЕУ и НАТО? Смешно е и да се коментира ова веќе.

Значи, да повториме, работеа и работат против македонскиот напредок, против воспоставување на правниот поредок, се обидоа да извршат државен удар, ги блокираат сите процеси, испраќаат писма и се јавуваат кај сите свои контакти што се доволно пристојни да им кренат слушалка и безочно лажат и кудат, онака како што им диктира некој што е против македонските, но и европските интереси. Прочитани се одамна, а сѐ помалку се и оние што ги сослушуваат од чиста куртоазија.

Додека вемерето беше на власт, невладините организации и опозицијата, без оглед на доказите со кои располагаа за нивното мрачно дивеење и погромот врз демократијата, лобираа кај европските лидери да го задржат статусот на земја кандидат. И успеваа, наспроти сите докази против тие одлуки, да издејствуваат задржување на тој статус. По нивниот непотполн пад, наспроти сите опструкции и сите болештини наследени од неодамнешното минато, Северна Македонија направи ѕвездени скокови. И по сето тоа, тие имаат нерв да кажат дека тие се способните. Имале советници и експерти, кадарни за… Ама ајде, ви се молам. Банда разбојничка и фолирантска!

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Можна лидерска средба кај претседателот Пендаровски

НАЈНОВО

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

На денешното рочиште, психијатар го прогласи Раде Трајковски – Штекли за психотичен

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk