Светската здравствена организација препорача УЕФА да ги откаже сите меѓународни фудбалски турнири до крајот на сезоната 2020/2021 година, објави „Ла Република“.
Според изданието, препораката е дадена за време на видео конференција со учество на УЕФА и водечките европски клубови на 16 април.
Светската здравствена организација инсистира на тоа да нема фудбал во наредните 18 месеци, откако се плаши дека ќе се прошири втор бран на корона вирусот.
УЕФА формираше работна група за да работи на различни опции за да ја заврши оваа сезона, но во оваа фаза ситуацијата останува крајно нејасна.