Организацијата „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик.
Преку оваа иницијатива која се одржува под слоганот „Заедно во сѐ! – Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехрамбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра.
– Иницијативата „ЗАЕДНО ВО СЕ! – СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, СПОДЕЛУВАЊЕ“ има свои хаштази на кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество во благороднава мисија и прибраните донирани добра ќе ги насочи кон најранливите семејства, а сите активности може да се следат јавно на нивната ФБ страница: https://www.facebook.com/
Тие што сакаат да донираат можат да воспостават контакт со претставници на органиацијата на имејлот [email protected] или на мобилниот телефон во работно време: 071/936497, на двата ад хок пункта на Една може! – или во Карпош 1 или во Аеродром.
Овие активности, како што соопштуваат од организацијата, се иницирани од мноштвото дојави и барања за поддршка од страна на целната група – самохрани мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни биле оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19.
-Пандемијата влијае на сите сегменти на живеењето и мора да знаеме дека здрвствената криза која ја предизвикува, истовремено се рефлектира и како економска и социјална криза и длабоко влијае врз животите токму на најмаргинализираните иднивидуи и заедници. Затоа, ова е време, според нас од „Една може!“ каде најискрено треба да правиме заложби во насока на солидарност, емпатија, споделување, како што е и самиот слоган на иницијативата, посочуваат од организацијата.