ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лекот е откриен, терапијата е позната

Можеби е лесно да се препознаат лажните вести и говорот на омразата, но тешко е да се искоренат. Како вошки. Нивната најголема лага е дека се патриоти, а потоа следат сите останати лаги, спакувани во кампањи со украдени идеи, платени со украдени пари.

April 24, 2020 09:20
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Без стил, без манири, простачки вулгарно и насилнички, а најчесто кукавички скриени во длабоката сенка на анонимноста, неуморните партиски тролови продолжуваат со својот валкан бизнис. Тие се најнискиот ешалон на една мрачна, добро организирана и богата мрежа од луѓе на високи позиции во општеството и во институциите, со длабоки корени во политиката, бизнисот, академијата и медиумите. Човек не мора да биде Магелан да го открие тоа.

Може да се сретнат, во не мали бројки, во секоја категорија: новинари и уредници, универзитетски професори, „невладини“ експерти, уметници и естрадни ликови, „инфлуенсери“, генерали, директори на државни агенции, полицајци, пратеници, генерали, советници, лекари, членови на бордови, наставници, бизнисмени што никогаш сами не заработиле ништо, апаши и тепачи…

Слабостите на институциите, пропустите на властите, корупцијата и организираниот криминал се нивните сојузници. Демократијата и слободата на изразувањето се дел од нивниот арсенал. „Како тоа?“ – ќе прашаат помалку упатените, а такви изгледа се во мнозинство. Одговорот е едноставен: Тие ја користат демократијата и слободата на изразувањето за да дејствуваат непречено, со нивна директна и груба злоупотреба. Така е овде, така е и во многу други земји низ светот.

Нивните удари се насочени против правдата и владеењето на правото, демократијата и човековите права и слободи. Имаат јасна цел: Да ги разнишаат институциите, да внесат тензии и несигурност кај луѓето, да воспостават насилнички и криминален режим – сојузник со меѓународните радикални и криминални банди.

Служејќи се со корупцијата за која имаат погодно тло што самите го создавале низ генерациите политичари и моќници, тие немаат никаков проблем да продрат во јавната сфера и да го сеат својот отров секојдневно. Можеби е лесно да се препознаат лажните вести и говорот на омразата, но тешко е да се искоренат. Како вошки. Нивната најголема лага е дека се патриоти, а потоа следат сите останати лаги, спакувани во кампањи со украдени идеи, платени со украдени пари.

Тие се непријатели на фактите. Оние во најдолните ешалони се само најпримитивните и највалканите пешадинци во нивната формација која со години спроведува погром врз демократијата. Мали, валкани и здодевни како муви, тие служат како алатки за одвлекување на вниманието, за внесување шум во јавната комуникација, да влеат страв, несигурност или паника. Се нафрлаат во роеви и контаминираат секаде каде што ќе се стапнат со своите тенки, криви и влакнести ноџиња.

Зад нив стојат многу поголеми предатори, широко распространети и организирани, гигантски и дебели инсекти, интелигентни социопати и криминалци, со голема моќ за ширење на вирусот за деградација на општеството.

Креирањето на општа несигурност и недоверба во институциите, смислувањето суптилни и повеќеслојни теории на заговорот, пораките што предизвикуваат потценување на европските вредности и на човековите права, дефетизмот и сегрегацијата, омразата кон поинаквите и послабите… Сето тоа бара ресурси, човечки и финансиски. А се има и се може. Црни пари има во изобилство. Се крадело со години, а финансиери имало и ќе има, како дома, така и во странство.

Пандемијата, како и секоја друга несреќа и криза, за нив се одлична можност за полнење на акумулаторите на нивната злокобна машинерија. Лесно е да се излаже, а потоа лагата и семето на омразата се расеат насекаде, тешко е да се санираат последиците од подземната зараза. Особено кога „дистрибутери“ се и ликови што без мака го преживеале падот на криминалниот режим и останаа на одговорни функции во системот, да го контаминираат и разградуваат од внатре.

Но, болеста не е неизлечива.

Лекот е откриен, терапијата е позната. Само треба да се примени. Доволно е домашно лекување. Тоа се состои од неколку правилни, добро одмерени удари: Солидарност, почитување на човековите права и слободи, будност и преиспитување на фактите. Постојано преиспитување на фактите. И никако не смее да се заборави историјата на болеста: злоделата и теророт што ги сториле, а спремни се да ги повторат во секое време и на секое место.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Судар на автомобил и воз кај Велес

НАЈНОВО

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп испраќа Национална гарда и во Чикаго – петти град каде демократите се на власт

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk