Телескопот Хабл кој беше лансиран на 25 април 1990 година и помогна во појаснување на перцепцијата која човекот ја има за вселената, денес слави 30 години откако е лансиран во вселената, објави НАСА.
На роденденската слика од Hubble претставени се голема црвена небула (NGC 2014) и нејзиниот помал, син сосед (NGC 2020) кои се дел од огромна област во која се формираат ѕвезди во големиот Магелански облак, сателитска галаксија на Млечниот пат која се наоѓа на далечина од 163.000 светлосни години.
Фотографијата која ја направи телескопот е наречена „Космички гребен“ бидејќи потсетува на подводниот свет.
Телескопот низ годините ги има направено некои од најубaвите вселенски фотографии.
Иако НАСА веќе работи на наследник на овој телескоп, од агенцијата велат дека Hubble работи со полн капацитет и не планираат „да го пензионираат“ барем уште една деценија.
Низ годините, телескопот има направено прекрасни фотографии од космосот, а со негова помош се разјасни едно од најголемите прашања во врска co староста на универзумот. Првите претпоставки беа дека универзумот е стар меѓу 10 или 20 милијарди години, а Хабл докажа дека е 13,8.
А. Н. С