Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека сѐ уште нема докази дека оние кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.
Во денешното соопштение на СЗО се предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале Ковид-19, затоа што со тоа се продолжува ризикот од ширење на корона вирусот.
Чиле минатата недела најави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да ги издава на луѓе кои се излекувале од корона вирусот.