ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Политико: Лидерите на ЕУ лути поради противењето на Макрон за старт на преговорите

Тие предупредуваа дека одбивањето на почетокот на преговарачкиот процес со двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и дека од таквата состојба полза ќе имаат „ривалските сили на Балканот“, како Кина, Русија, Турција и Саудиска Арабија

October 19, 2019 10:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Противењето на францускиот претседател Емануел Макрон за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија ги разлути лидерите на ЕУ, ја пренесува МИА оценката на бриселскиот портал Политико за вчера завршениот Европски совет.

Порталот посочува дека некои лидери на ЕУ се обидувале да ги убедат другите да се согласат на старт на преговорите за членство со двете балкански држави, наведувајќи аргументи кои се движеле од стратешката важност на регионот, па до напредокот на кандидатите во решавањето спорови и воспоставувањето на правната држава.

Тие предупредуваа дека одбивањето на почетокот на преговарачкиот процес со двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и дека од таквата состојба полза ќе имаат „ривалските сили на Балканот“, како Кина, Русија, Турција и Саудиска Арабија, наведува Политико.

– Ваквиот исход беше особено негативен за Северна Македонија, на која уште пред 10 години Европската комисија и ја даде првата препорака за преговори за членство. Со години европскиот пат на земјата, која се нарекуваше Македонија, беше блокиран од Грција, која тврдеше дека нејзиното името имплицира неоправдани претензии кон грчката територија и културно наследство. Откако во Скопје на власт дојде новата Влада, земјата постигна договор со Атина, кој опфаќаше и промена на името. Но, со конечно надминување на грчките приговори, земјата сега наиде на блокада од друга земја членка – Франција, се додава во анализата.
Политко тврди дека Германија, која била меѓу 25-те земји членки кои биле за започнување преговори за членство и со Северна Македонија и со Албанија, се обидела, но не успеала да ја убеди Франција да се предомисли.

– На крајот, единствената работа за која лидерите можеа едногласно да се договорат за ова прашање беше една реченица: „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за проширување пред самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година“, наведува порталот.

Сепак, според Политико, некои аналитичари сметаат дека ова прашање би можело да се најде на агендата на следниот редовен Самит на ЕУ во декември, идеја што ја подржува и идниот претседател на Европскиот совет и актуелен белгиски премиер Шарл Мишел.
Но, смета порталот, тоа би можело да биде прерано за да се очекува реална перспектива за каква било промена во францускиот став.

– Некои дипломати велат дека голем дел од отпорот на Макрон е поврзан со стравувањата дека темата би можела да ја искористи екстремната десница и тие очекуваат позицијата на Франција да омекне по локалните избори во март следната година, се додава во текстот.

Политико на крајот пренесува став на дипломат кој оценува дека ако Франција остане на сегашната позиција, Северна Македонија и Албанија „би можеле да станат Швајцарија и натаму да не добијат зелено светло за старт на преговорите.

Next Post

Кривична пријава за „Фудбалски клуб Куманово 1903“

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk