ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Костадинов: Цената на дизелот од 42,5 денари е најниска во последните 10 години, нема опасност од ценовни шокови

Во Косово, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Грција цените се исто така доста повисоки во однос на цените во нашата земја.

April 29, 2020 12:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Последното намалување на цената на горивата директно ги демантираше изнесените лаги на ВМРО-ДПМНЕ дека со временото зголемување на акцизата ќе се соочиме со ценовни шокови и инфалција.
Тоа не се случува и нема да се случи, напротив цената на горивата паѓа согласно падот на нафтата на светските берзи. Ако се земе предвид цената на дизелот, ова гориво, денес во 2020 година, е со најниска цена во последните 10 години, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„ Денес, цената за литар дизел изнесува 42,5 денари. Минатата година изнесувала 62.5 денари за литар, во 2018 60 денари, во 2012 таа била дури 72,5 денари, а пред точно десет години, во 2010 еден литар чинел 58,5 денари.
Нашата држава Северна Македонија има најниска цена на нафтените деривати во регионот.
Цените на еуросуперот 95 и еуродизелот БС во нашата земја изнесуваат 49.5 и 42.5 денари, додека во Бугарија се со цена од 59.7 и 57.24 денари, а во Србија со цена од 78.16 и 73.12 денари за двата вида гориво.
Во Косово, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Грција цените се исто така доста повисоки во однос на цените во нашата земја.
Со падот на цената на нафтата од нешто повеќе од 20 денари од почетокот на годината до сега, промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со ова големо намалување.
Ова се реални и официјални податоци за движење на цените на горивата.
Затоа, тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани.
Механизмот усвоен од Владата, овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од коронавирусот.
Граѓаните и стопанството да бидат спокојни. Нема опасност од ценовни шокови, од инфлации, од раст на транспортните трошоци. Државата прави се за да ги заштити работните места, да го сочува и унапреди стандардот на граѓаните и да му помогне на стопанството.
Сега е време за солидарност и одговорност, време за заеднички напори за надминување на глобалната економска криза предизвикана од коронавирусот.
Само ако сите бидеме солидарни ќе успееме оваа криза да ја пребродиме и побрзо и полесно“,
Next Post

Во Кочани се доставуваат по електронска пошта решенијата за општински даноци и за комунална такса

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk