ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во новата нормалност, со старата ненормалност

Веќе во втората половина на јуни, ситуацијата со коронавирусот во нашата земја ќе биде под целосна контрола. Ете, тоа е времето за одржување парламентарни избори за оваа година. Што порано, тоа подобро. Секако, во координација со епидемиолозите. Значи, избори во јуни... Предвремени, се разбира. Со сите одлики на старата добра ненормалност...

May 4, 2020 13:59
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

И додека светот полека почнува да се подготвува за тоа што се нарекува „нова нормалност“, ние веќе сме спремни за старата ненормалност – избори!

Се разбира, за некои политичари и нивните политички партии, таа ненормалност никогаш не беше нарушена. Тие, уживајќи во дебелите буџети, со парите од граѓан(к)ите, а секако и во црните пари од странство, не застанаа со кампањата, таква каква што единствено знаат да водат – црна. Колку таа кампања е пукање во сопственото колено, а колку е делотворно за гласачите, ќе каже изборниот резултат летово.

Летово? Како тоа, летово? Значи, навестувањата во медиумите и шушкањето во валканите електронски биртии Фејсбук и Твитер се точни?

Замислете, да. За тоа има повеќе причини.

Според епидемиолозите, можно е да имаме нов пик на пандемијата веќе наесен, најверојатно во октомври или ноември. А тоа ќе значи построги мерки за социјално дистанцирање, затворање на институциите, продавниците, рестрикции во сообраќајот, самоизолација…

Во меѓувреме, состојбата со коронавирусот ќе почне да се нормализира веќе кон средината на мај – ќе се укине вонредната состојба, ќе станеме „нормални на нов начин“.

Веќе во втората половина на јуни, ситуацијата со коронавирусот во нашата земја ќе биде под целосна контрола. Ете, тоа е времето за одржување парламентарни избори за оваа година. Што порано, тоа подобро. Секако, во координација со епидемиолозите.

Значи, избори во јуни… Предвремени, се разбира. Со сите одлики на старата добра ненормалност…

Државната изборна комисија веќе кажа, изборниот процес е застанат на 24 дена пред денот на гласањето, така што, деновиве можеме да очекуваме партиските лидери да се согласат за датумот веќе деновиве. Откако Талат Џафери, со поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ одби да го реактивира Собранието од познати причини (Кој и зошто не сака реактивирање на Собранието?), сега преостанува само старата ненормална пракса на договори меѓу лидерите за суштински национални прашања.

Во моментов, никој не се осмелува да проговори конкретно за датум за избори. Кој и да спомне избори сега, веднаш ќе наиде на дискредитација од противничката страна, па така сите изјави на оваа тема наликуваат една на друга. Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ никако не сака избори, барем не додека не ја санира тешката штета од неуспехот на црната пропаганда за време на најтешките денови на пандемијата. Впрочем, уште во октомври минатата година, кога Зоран Заев повика на брзи избори, дадоа сѐ од себе да ги одложат. Истото може да се очекува и сега.

За избори, изборот е прилично ограничен – или крајот на јуни или до година, кога можеби повторно ќе се нормализира состојбата со коронавирусот. Нема поинакво решение.

„Електронизирање“ на изборниот процес е можно. Ресурси за тоа има. Постојат онлајн платформи и софтвери за спроведување на изборите по електронски пат. Со сериозна стручна контрола, изборниот процес може лесно да се пресели во виртуелниот свет. Се разбира, секогаш постои ризикот од „кршење“ на електронските гласачки кутии со сајбер напади и хакирање, но и тоа може да се спречи. Значи, не е прашањето дали имаме капацитет да одржиме електронски парламентарни избори (секако да), туку дали за тоа постои законска рамка. За таква „тектонска“ изборна реформа е потребен функционален парламент, јавна и стручна дебата, процес…

Значи, избори во јуни, со што е можно поголема социјална дистанца меѓу гласачите, но на традиционален начин.

Одбројувањето може да почне. Во новата нормалност, со старата ненормалност. Нека ни е со среќа!

 


Сите права се задржани.
Tags: датумДИКизбориреформи
Next Post

15: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно на погрешна страна на историјата, во новата нормалност со старата ненормалност, навивачите тераат партиска агенда

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk