пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Низ Аеродром, се слушаат свирки од автомобили со истакнати знамиња од прозорците на автомобилите со сонцето од Вергина. И во Куманово се случувало истото.
Погледнете го видеото што ми го испратија Фејсбук пријатели од Куманово.
(Куманово 20.10. 2019 година)
Не, не е оркестрирано ова. Ова не се симпатизери на ДПМНЕ, ова е чист спонтан изблик на задоволство на „народот“, така?!
Задоволство од што, на што се радуваат овие непрокопсаници?
Овие не се кријат! Овие се радуваат, еуфорично се радуваат.
Реалноста е дека навистина сите ние не добивме датум за преговори со ЕУ, но тие, нели, си добија датум. Тоа е. Додуша иако исцвикаа тоа да биде брзо, ама си добија датум за шанса да се вратат и да ни ја доебат државата онаму каде што застанаа пред три години. Агендата им е таа – нив освен голо доаѓање на власт ништо друго никогаш не ги ни интересирало.
Тие ќе газат на сè само да си се докопаат до власт.
Каква иднина, какви интеграции, каква правда, за што ние овде всушност правиме муабет.
Уште колку пати тоа треба да го направат за да им поверуваме конечно?
Кажувајте ми после дека додека беше неизвесноста околу исходот од Самитот во Брисел, а и пред тоа, врхушката на ДПМНЕ не роварела каде што ќе стигнела само за да не добиеме извесна европска иднина за државата. Кажувајте ми дека тоа беа спинови, кажувајте ми дека и ова е спин.
Малку ни беа злоделата со кои нè уверуваа 11 години. Не, нема да нè вратат столетија, иако по нивното однесување со милиениуми се назад. Не, нема да ни скокнат од пештери со камења. Ќе ни скокнат од овие автомобили што ги гледате на видеото. Можеби и нема да ни скокнат, туку ќе нè испогазат како пилци.
Ќе нè вратат малку – само два пара години назад. И тоа „малку“ е повеќе од доволно, за да ни ја запечатат перспективата.
Нам за жал сè нешто ни е малку, и недоискажано, сè додека не ни се удри од глава, пак и пак…