„Македонската иднина е извесна, ќе победиме заедно со граѓаните. Нашиот народ ќе си го потврди исправниот пат по кој тргна земјата“ ;
„Тоа е патот на развој и просперитет, патот што води напред. Тоа се повисоките плати, градежната офанзива, огромната социјална помош, поддршката за домашните фирми, мерките против загадувањето, враќањето пари директно кај граѓаните и бескомпромисната борба против корупцијата“ ; „Подготвени сме за голема победа и испраќање во заборав на политиките кои нудат изолација, национализам, поделби, конфликти и богатење на неколкумина на сметка на граѓаните“, јасна порака на премиерот Зоран Заев на Твитер, за она што треба да биде императивот на граѓанките и граѓаните на 12 април.
Македонската иднина е извесна, ќе победиме заедно со граѓаните!
Нашиот народ ќе си го потврди исправниот пат по кој тргна земјата. 1/3
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 20, 2019