Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес конференција најави дека денеска ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час за претстојниот викенд, а веќе в сабота (утре) ќе се разгледаат можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела.
На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека двата дена ќе се анализираат случаите на новодијагностицирани пациенти пред да бидат донесени какви било препораки.
– На утрешниот состанок ќе се дискутира за времетраењето на полицискиот час за време на викендот, а в сабота за тоа на кој начин ќе се димензионира олабавувањето на веќе донесените мерки, рече Филипче на вчерашната прес конференција.
На состанокот на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, нема да присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски.