ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Се работи на нови мерки за поддршка на економијата, досега 30.000 компании аплицирале за поддршка

Преку мерки на краток, среден и долг рок, преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија.

May 8, 2020 08:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија, велат од партијата.

„Сега кога здравствената криза полека го губи интензитетот се фокусираме на развивање на економски мерки за дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија.

Преку мерки на краток, среден и долг рок, преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија.

Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места.

Досега вкупно, бројот на компании кои добиле некаков вид на помош и кои аплицирале за поддршка изнесува околу 30.000.

Во моментот, голем интерес има за помошта за плата од 14.500 денари по вработен, за која досега аплицирале над 23.359 компании, или околу 30% од активните субјекти.  За оваа мерка се пријавиле 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.

Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5,588 вработени.  За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени 2.400 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година.

Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.

Ослободување од плаќање на аконтациите на данок на добивка и данок на личен доход за март, април и мај 2020 година, искористија околу 1.300 компании, а поднесени се околу 1.800 апликации кои се обработуваат.

Со тоа ја остваруваме првичната проценка дека со овие мерки ќе се обезбеди помош за околу 30.000 претпријатија и спас на 250.000 работни места.

Не се изоставени ниту граѓаните кои се дел од неформалната економија. Со релаксирање на условите, од 3 април центрите за социјална работа примиле 970 нови барања за остварување на правото на гарантирана минимална помош и тие се решаваат тековно.

Владата предводена од СДСМ покажа дека е подготвена да одговори на предизвикот, граѓаните знаат дека во нас имаат партнер и дека сме тука за заедно за да ја премостиме кризата“, пишува во партиското соопштение.

Next Post

МТСП со кампања за заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот!

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk