Кичеец ја потврдува автентичноста на снимките. Зоран Милески Кичеец за А1 он, вели дека имал повеќе состаноци со Христијан Мицкоски и дека се сретнал и на 14 април минатата година.
„Додека се борам да докажам моја невиност пред апелација во случајот „Рекет“, вчера слушнав нови обвиненија на сметка на мојата чест и углед од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски . Ова нема да го дозволам и ќе поднесам кривична пријава против него за нарушување на мојата чест и углед. Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски на 14 април 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Сме имале повеќе состаноци со претседателот Мицкоски,“, вели Милески-Кичеец за „А1он“