ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Патриотот“ во прегратката на Aлбанците, нема одговор за Преспанскиот договор

Јас памтам еден Христијан Мицкоски кој „патриотски“ се бореше против „Тиранска платформа“, против наводна „албанизација на Македонија“, против наводна „федерализација на Македонија“, против законот за „двојазичноста на Македонија“, против законот кој наводно ќе ги терал Македонците во Струмица да зборат албански, против Албанецот Талат Џафери претседател на Собранието, и против мноооогу „опасности“ кои доаѓаат од Албанците. Сега е во нивната прегратка и ги моли за гласови...

October 21, 2019 09:47
in ФРОНТ
Кога Мицкоски зане по потреба да каже и „по“, на албаски „да“, на интервју за Алсат, ноември 2018.

Кога Мицкоски зане по потреба да каже и „по“, на албаски „да“, на интервју за Алсат, ноември 2018.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ

По објавување на одлуката за предвремени парламентарни избори на 12 април од вила Водно, излезе „нов“ претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски, меѓу другото, нѐ извести дека е задоволен што во завчерашната прошетка низ Гостивар, Албанци и Турци ги оставиле кафињата и се стрчале да го гушнат.

Како новинар со добра меморија и малку уморен од долгото чекање пред вила Водно, почнав да се мислам. Дали е овој Христијан Мицкоски или, пак, јас не сум доволно концентриран, па сум се збунил нешто во таа врска меѓу минатото и вечерашното.

Го вратив филмот месеци и неколку години назад. Јас памтам еден Христијан Мицкоски кој „патриотски“ се бореше против „Тиранска платформа“, против наводна „албанизација на Македонија“, против наводна „федерализација на Македонија“, против законот за „двојазичноста на Македонија“, против законот кој наводно ќе ги терал Македонците во Струмица да зборат албански, против Албанецот Талат Џафери претседател на Собранието, и против мноооогу „опасности“ кои доаѓаат од Албанците.

Стигнав до локалните избори и ми се врати филмот, кога неговата партија која ја водеше и тој самиот, неколку пати обвинуваше и се правдаше дека не изгубиле на локални избори, туку Албанците им донеле победа на кандидатите на СДСМ, па завршив на последните претседателски избори кога, наводно, Албанците го избрале Стево Пендаровски за претседател на државата.

Сите овие „зла“ на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, дошле од Албанците!? И за една ноќ, Христијан Мицкоски кој „јако патриотски“ ја бранеше Македонија од „албанизација“, заврши во прегратките на „клетите шиптари“ како би ги нарекле неговите поддржувачи. Тој, Христијан Мицкоски, кој на претседателските избори ги повика сите етнички заедници да гласат за нивната кандидатка, а не ги спомна само Албанците, со што создаде перцепција дека тој е толку патриот што ниту ги спомнува Албанците, а камо ли да ги повика и моли, преку ноќ, ги гушка.

Да бидеме искрени, тие први истрчаа и го „нападнаа“ со прегратки, бидејќи како што он рече, биле разочарани од Заев. Ама тоа за него не било ниту напад, ниту опасност за негова албанизација, немал ниту страв дека некој можел да му збори двојазично, дека некој дури може да е и од Тирана. Напротив, тој нивен чин за него преставувал ЗАДОВОЛСТВО! Некој би рекол дека овој е акт за потценување на интелигенцијата на албанската етничка заедница. Грешите. Јас лично не се чувствувам навреден, ниту другите мои сонародници треба така да се чувствуваат.

Мицкоски ја потцени интелигенцијата на неговите поддржувачи, симпатизери и гласачи кои кај него гледале на „голем патриот“. Тие треба да се прашаат каде остана таа борба во одбрана на Македонија од албанизација и како, на крајот, нивниот лидер заврши во прегратката на Албанците? Тие треба да се чувствуваат навредени затоа што секогаш ги повикувал де се здружат во одбрана на Македонија од албанизацијата, во победа против СДСМ која победува со помош на Албанците, и на крај тој самиот чувствува задоволство што успеа да добие една „шиптарска прегратка“ и почна да им испраќа „ишарети“, како на Турците така и на Албанците, првата ноќ откако се договорија за предвремени парламентарни избори.

И тоа не е сѐ. За договорот во Преспа, кој на референдум бил, исто така, изгласан од Албанците (кои наводно дури полнеле и кутии), Мицкоски веќе нема ни одговор. На мое лично прашање, дали ќе го поништи договорот од Преспа и ќе го врати името Македонија, патриотот Мицкоски одговори со доста сме збореле за тоа!

Патриотот веќе не се залага за поништување на „предавничкиот договор“, ниту за враќање на старото име на државата, туку ќе трча по гласови на Македонците, Албанците, Турците…

За на крајот, да стане премиер на Република СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! Ако не верувате, прашајте го, и ќе видите дали ќе успеете да добиете барем и предизборно ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор или и вам ќе ви даде ист одговор, за на крајот да заврши како неговиот истомисленик од Грција, кој водеше цела кампања против договорот и на крајот го оцени како позитивен!

 


 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена кога се случи пожарот во „Пулс“

June 12, 2025

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk