ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР: 181 стартапи во финална фаза на „Стартапувај 2“

Околу 80 отсто од апликантите, или 147 се нови, односно првпат поднесуваат предлог – проекти до Фондот, 33 аплицираат втор или повеќе пати, додека само пет се постојни корисници на средства на Фондот.

May 9, 2020 10:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сто осумдесет и еден стартап одат во фазата на финална селекција на вториот јавен повик  “Стартапувај 2“ на Фондот за иновации и технолошки развој и Светската банка, информираат од Фондот.

Со оваа мерка, вкупниот буџет на повикот од 1,5 милиони евра ќе се намени за инвестициски планови приспособени кон потребите за брз развој и почеток на економско заздравување.Фондот на овие апликанти им овозможи и приспособување на веќе доставените инвестициски планови кон новонастанатите услови на пазарот.

Вкупниот износ на планираните инвестиции кај овие новоосновани компании е над 6,5 милиони евра, од кои 1,4 милиони евра се сопствени средства на домашните компании. Побаруваниот износ е 3,5 пати повисока од предвидениот обем на средства кој за овој јавен повик е 1,5 милиони евра.

Околу 80 отсто од апликантите, или 147 се нови, односно првпат поднесуваат предлог – проекти до Фондот, 33 аплицираат втор или повеќе пати, додека само пет се постојни корисници на средства на Фондот.

Според анализите, овие компаниите планираат 512 нови вработувања за реализација на предложените проекти. Најголем дел од нив се микро (158) и мали (23). Доминантен е ИТ секторот, но апликации има и од 14 други области, меѓу кои маркетинг, трговија и продажба, медицина и здравство, како и угостителство, земјоделство и образование.

Фокусот на овој инструмент се младите, а целта е поттикнување на истражувачките и развојните процеси на нови бизниси.

Процесот на финална селекција продолжува онлајн, во согласност со препораките за превенција и заштита од КОВИД 19. Проценката на ризик и предложените мерки за приспособување од самите компании се и составен дел од натамошниот процес на евалуација и одлуката за доделување на кофинансирање. Конечната одлука за кофинансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од пет странски експерти согласно утврдените критериуми за оценка: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, пазарен потенцијал и влијание.

Од Фондот наведуваат дека на повикот “Стартапувај 2“ имаше рекордни 235 пријавени компании, што е за 30 отсто повеќе во споредба со првиот повик наменет за поддршка на стартапи реализиран минатата година на кој беа пријавени 186 апликанти. Од нив 203 преминаа во фазата на претселекција за која беа ангажирани дел од над 200 домашни стручни лица, организирани во 23 области.

Покрај можностите за приспособување кон новонастанатите услови на пазарот на веќе доставените инвестициски планови за два тековни јавни повика објавени пред кризата – Технолошки развој и Стартапувај 2, Фондот во соработка со Светската Банка и други домашни и меѓународни партнери работи и на натамошни мерки што треба да овозможат итна поддршка и брзо приспособување на бизнисот и економијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Делегации од Русија и Украина се среќаваат во Истанбул. Фото: Хеорхиј Тихиј/Портпарол на МНР на Украина

Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

May 17, 2025

Лосон: Нема олеснување на визниот режим за македонските граѓани во Британија, драго ми е што Македонија ќе се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk