ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стерјовски со неколку барања до Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија

May 9, 2020 15:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, како член на парламентарната комисија за европски интеграции, на онлајн седницата со Комесарот за заштита од дискриминации поставил неколку барања кои го засегаат македонското и другите малцинства.

„Презентирав неколку предлози во врска со работата на институцијата Комесар за заштита од дискриминација, кој е единствениот надлежен орган кој обезбедува ефикасна заштита од дискриминација и каква било форма на однесување што промовира дискриминација. Сето тоа со барање да бидат вметнати со планираните измени и дополнувања на Законот за заштита од дискриминација“, изјави за МИА Васил Стерјовски.

Додаде дека ја нагласил важноста Комесарот да го следи остварувањето на правата на малцинствата во Албанија и да подготви посебен извештај за да се претстави состојбата со правата на малцинствата во земјата.

„Од комесарот Роберт Гајда, меѓу другото побарав еднаш годишно, тој, но и претставници на институција да ги посетат областите каде што живеат малцинствата за да ја подигнат свеста за постоењето на „Закон за заштита од дискриминација“, за постоење на институцијата Комесар за заштита од дискриминација, затоа што сметам дека колку поблиски ќе бидат со припадниците на малцинствата, ќе излезат повеќе проблеми кои припадниците на малцинствата ги имаат со дискриминацијата“, додава Стерјовски.

Друго барање е во структурата на институцијата да се вклучи најмалку по еден претставник од секое малцинство.

„Од комесарот Гајда побарав формуларот за жалби да биде и на македонски јазик. На официјалната веб страница на Комесарот за заштита од дискриминација, формуларот за жалби освен на албански, е и на англиски, грчки и ромски јазик, но не и на македонски. Ова барање го имаме поставено и на поранешната Комесарка за заштита од дискриминација, Ирма Бараку. Со години се ветуваше дека формуларот ќе биде преведен на македонски јазик, но до ден денес ништо од тоа“, нагласува Стерјовски.

Поддршка за барањата, како и на прашањето колку жалби има од Македонци до комесарот поставено од Стерјовски, добил и од претседателката на комисијата Рудина Хајдари.

„Лани имавме 171 жалба, но колку од нив се на Македонци немам сознанија. Во 2018 година од македонската заедница имавме многу жалби и главно тие се однесуваа на именувањето на оваа заедница како „славомакедонци“ од страна на албански јавни органи. Она што се бараше беше да се отстрани „славо” и да се идентификуваат како Македонци“, изјавил Гајда.

Искажувајќи целосна согласност и подршка за барањата на Стерјовски, Гајда посочил дека институцијата со која раководи е единствена институција чија табла е на сите малцински јазици и апелирал и до другите институции да направат такво нешто „затоа што е многу едноставно да се направи“.

Next Post

Вархеји: И покрај корона кризата, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат

Shortcut

Најново

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk