ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калеска – Ванчева: Мицкоски е исплашен од поразот и бега од изборно соочување, лаже дека се потребни 60 дена за избори после вонредна состојба

Последна лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е дека наводно Венецијанската комисија наложила државите да организираат избори ако се поминати 60 дена по завршување на вонредната состојба.

May 11, 2020 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што одминува пандемијата и изборите стануваат реалност, така исплашениот Христијан Мицкоски со сите сили се обидува да избега од изборно соочување. Мицкоски се плаши од волјата на граѓаните, тоа е видливо и тоа е јасно и затоа пласира бројни невистини, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Последна лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е дека наводно Венецијанската комисија наложила државите да организираат избори ако се поминати 60 дена по завршување на вонредната состојба.

Тоа воопшто не е точно и дополнително таква препорака не се однесува на нашата земја туку само на Грузија, поради одредби во нејзиниот Устав.

Да го подучиме Мицкоски, нашиот политички систем функционира по Уставот на Република Северна Македонија, а не по Уставот на Грузија.

Самиот Извештај на Венецијанската Комисијата започнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.

Понатаму реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавства Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека по воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО-ДПМНЕ или не знае или се прави дека не знае дека во нашиот Уставн нема такво нешто.

Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата.

Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите.

Ваквите обиди за груби манипулации се доказ дека Мицкоски свесно лаже затоа што е исплашен поразот што му следува.

Јасно му е и нему дека по сето она срамно однесување за време на кризата со коронавирусот, дека по сите изнесени лаги и конструкции, единствено што му следува е пораз на парламентарните избори.

Го разбираме стравот на Мицкоски од изборен пораз но тој неминовно ќе му случи.

Апелираме на одговорност и ставање на интересот на државата и на граѓаните на прво место. Тоа значи избори во најкус можен рок, веднаш по спласнување на пандемијата“, изјави Калеска -Ванчева.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Хрватска почна повторно да функционира како туристичка дестинација

НАЈНОВО

Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

October 6, 2025

Студено, ветровито и дождливо до среда, од четврток стабилизација на времето

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk