ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почна аплицирањето за субвенции за млеко и за заклани несилки предадени во преработувачки капацитети

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска информираа дека млекопроизводителите може да ги поднесуваат барањата електронски најдоцна до 5 ноември

October 21, 2019 12:46
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот од мај до септември годинава. Висината на субвенцијата за овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, а за кравјо млеко 3,5 денари по литар, пренесува МИА.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска информираа дека млекопроизводителите може да ги поднесуваат барањата електронски најдоцна до 5 ноември.

До 5 ноември е и рокот за поднесување барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки.

– Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање. Оние фармери кои не можат сами да креираат е-барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Next Post

Столтенберг: Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија во НАТО

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk