Лидерот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето во ТВ Телма истакна дека со новиот економски пакет ќе се стимулира и јавната и приватната потрошувачка.
Тој нагласи дека ќе стартуваат проекти кои биле планирани за 2021 или 2022 година – водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него, рече Заев.
Дополнително ќе насочиме средства директно кон граѓаните за да ѝ помогнат на домашната економија. Тие ќе трошат таму каде што можат да помогнат купувајќи домашни производи, домашни услуги, истакна Заев во гостувањето на ТВ Телма.